110 | Македонски
Брусни листови без велкро лепенка
(види слики A–C)
Притиснете на копчето за отклучување 5 и држете го
притиснато.
Водете го брусниот лист 4 до крај под отворениот
заден терминален блок 6 и повторно отпуштете го
копчето за отклучување 5. Внимавајте на
затегнатоста на брусниот лист во средината.
Притиснете го затезниот стремен 3 навнатре и
навалете го до крај.
Брусниот лист 4 поставете го цврсто околу брусната
плоча. Водете го другиот крај на брусниот лист 4
помеѓу задниот терминален блок и црвениот валјак на
затезниот стремен 3.
Држете го брусниот лист затегнат и притиснете го
затезниот стремен 3 во правец на брусната плоча, за
да го фиксирате брусниот лист.
Неиздупчените брусни листови, на пр. од материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење 14 за вшмукување на прав.
Електричниот апарат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика F).
За вадење на брусниот лист 4 олабавете го затезниот
стремен 3 и извлечете го брусниот лист од задниот држач.
Притиснете го копчето за отклучување 5 и целосно
извадете го брусниот лист.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
За обработка на сите дрвени
материјали
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
За обработка на обоени/
лакирани слоеви одн. подлоги,
како маса за полнење и шпахтел
маса
За брусење на боја
За брусење на основната боја
За крајно брусење на основната
боја пред лакирање
1 609 92A 15M | (4.3.15)
Гранулација
40—240
грубо
40, 60
средно 80, 120
фино
180, 240
40—240
грубо
40, 60
средно 80, 120
фино
180, 240
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено вшмукување со кутија за прав
(види слики D1–D4)
Ставете ја кутијата за прав 1 на млазниците за издувување
9, додека не се вклопи.
За да ја испразните кутијата за прав 1 притиснете на лостот
за фиксирање 10 на страната на кутијата за прав ().
Извлечете ја кутијата за прав надолу ().
Пред да ја отворите кутијата за прав 1, тропнете со неа на
цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја
отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав 1 за вградената рачка,
преклопете го филтерот 11 нагоре и испразнете ја кутијата
за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот 11 со мека
четка.
Надворешно вшмукување (види слика E)
Ставете го адаптерот за вшмукување 12 на млазниците за
издувување 9. Внимавајте на тоа, да се вклопи лостот за
фиксирање на адаптерот за вшмукување. На адаптерот за
вшмукување 12 може да се приклучи црево за
вшмукување со дјаметар од 19 мм.
Прегледот за приклучување на различните видови на
вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За демонтажа на адаптерот за вшмукување 12 притиснете
на односниот лост за фиксирање од задната страна и
извлечете го адаптерот за вшмукување.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Bosch Power Tools