поставување на заштитен капак
Сл. B
• Заштитниот капак (5) мора да биде поставен
пред пуштање на машината.
• Поставете завртка лево од внатре, а потоа
натакнете подлошка и безбедносен прстен,
од десната страна. Безбедносниот прстен
(а) опционално може да биде изоставен.
• Завртете ја цврсто нарецканата навртка.
поставете ја попречната водилка
Сл.C
Попречната водилка (3) овозможува
наведнување на материјалот и може да се
користи истовремено за потпирање на
материјалот кој поминува низ пилата.
Монтирање на гумена ногарка
Сл. G
Приложената гумена ногарка придонесува за
стабилна положба на машината врз работна
маса.
• Поставете ја гумената ногарка на своето
место.
• Поврзете ја гумената ногарка со помош на
приложената завртка, подлошка и навртка.
• Стегнете ја навртката со клуч.
Дувалка за прашина
Сл. H
Дувалката за прашина го одржува работното
парче чисто, за поточно сечење. За најдобри
резултати, насочете го проткот на воздух од
цевката кон листот и работното парче. За
прилагодување, едноставно свиткајте ја
дувалката кон саканата положба.
Поставување
• Поставете ја дувалката во отворот од
горната страна на машината.
• Завртете ја цевката за дување надесно, во
отворот.
4. РакУваЊЕ
Секогаш да ги следите упатствата за
безбедност и да се придржувате кон
важечките прописи.
Старт
Притиснете го зелениот ON-прекинувач за
вклучување.
78
Стоп
Притиснете го OFF-прекинувачот за
исклучување.
Наведнување на масата
Сл. D
Масата за сечење може да се наведнува под
45°. Направете вака:
• Забравете ја рачката под масата.
• Рачно наведнете ја масата под саканиот
агол (види поделбена скала на машината).
• Стегнете ја рачката.
адаптери за универзални листови
Сл. F
Приложените адаптери треба да се користат
само со универзални листови (= без чивии на
крајот).
• Одвртете ги имбус завртките од адаптерот.
• Вовлечете го универзалниот лист во жлебот
помеѓу имбус завртките.
• Стегнете ги имбус завртките за да се стегне
листот.
• Поставете го листот (види ПОСТАВУВАЊЕ
НА ЛИСТ ЗА ПИЛА).
поставување на лист за пила
Сл.E
Секогаш да ја исклучувате
машината од струја пред било какво
одржување.
Користете универзални листови од
било која подобра продавница или
продавница за машински делови.
• Изберете соодветен лист за видот на
обработуваното дрво.
• Притиснете ја стегата нагоре. (6)
• Турнете го листот низ жлебот, со забите
свртени надолу. Уверете се дека завртката
од листот (или адаптерот) се лизга во
долниот држач на листот.
• Повлечете го листот нагоре, така што
горната завртка (или адаптерот) се лизга ви
горниот држач.
• Стегнете го затезното копче додека листот
не биде прописно затегнат.
• Отстранете ги сите клучеви и други
предмети од листот. Вклучете ја пилата и
дозволете листот да се стартува, пред да
почнете да сечете. Пилата треба да работи
тивко.