y МАКЕДОНСКИ
Отстранување на старите батерии/акумулатори
1 Овој симбол може да биде комбиниран и со хемиските
симболи за жива (Hg), кадмиум (Cd) или олово (Pb) доколку
батеријата содржи повеќе од 0,0005% жива, 0,002% кадмиум
или 0,004% олово.
2 Сите батерии/акумулатори треба да бидат отстранети
одделно од другиот отпад, на посебни места назначени од
страна на владата или локалните власти.
3 Правилното отстранување на вашите стари батерии/
акумулатори ќе ги спречи потенцијалните негативни последици
за животната средина и за здравјето на животните и луѓето.
4 За повеќе информации околу отстранувањето на вашите
стари батерии/акумулатори, ве молиме обратете се до
локалните власти, службата за отстранување отпад или
продавницата од која сте го купиле производот.
(http://www.lg.com/global/sustainability/environment/take-back-
recycling/global-network-europe)
Отстранување на потрошените батерии и акумулатори
(САМО производи со вградена батерија)
- Доколку производот содржи батерија што е вградена во производот
и што не можат крајните корисници да ја отстранат, LG препорачува
батеријата да ја отстранат само квалификувани професионални лица,
било да е за менување или за рециклирање по истекот на животниот
век на производот. За да спречат оштетување на производот и поради
нивна сопствена безбедност, корисниците не треба да се обидуваат да
ја отстрануваат батеријата и треба да ја контактираат линијата за помош
при услуги на LG или други независни испорачувачи на услуги.
- Отстранувањето на батеријата значи и расклопување на куќиштето на
производот, исклучување на електричните кабли/контакти и внимателно
вадење на батеријата со специјализиран алат. Доколку ви се потребни
инструкциите за квалификувани професионални лица за тоа како да ја
отстраните батеријата безбедно, посетете ја веб-страницата
http://www.lge.com/global/sustainability/environment/take-back-recycling.