VOX electronics GB - 1003 Manual De Usuario página 47

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 23
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
Преземете соодветни мерки за да спречите повреда, изгореници или пожар:
1. Пред употреба, проверете дали напонот во ѕидниот штекер одговара на напонот на
уредот, што може да се најде на плочката со ознаки на дното на уредот.
2. Уредот не е наменет за користење од страна на мали деца или од немоќни луѓе
без надзор.
3. Немојте да го потопувате уредот во вода или во друга течност или во влажни
подрачја.
4. Не допирајте ја грелната површина со мокри раце; секогаш користете ракавици или
крпа поради зголемената температура за време на работата на плочите за готвење.
5. За време на употребата, апаратот треба да биде стабилно поставен на
површината отпорна на топлина.
6. Апаратот не е наменет за работа со помош на надворешен тајмер или засебен
систем за далечинска контрола.
7. Ставете го правилно кабелот за напојување за да избегнете негово превиткување
или сопнување.
8. Горењето на храната може да предизвика пожар. Чувајте го уредот далеку од
завеси, запаливи материјали, печки, рерни за печење или други уреди со жежки
површини.
9. За да избегнете оштетување на апаратот или опасност од пожар, не користете
пластична фолија, кесички или метална фолија за отстранување храна од грелната
плоча откако ќе заврши готвење. Не дозволувајте храната да се олади на плоча за
готвење; отстранете ја подготвената храна што е можно поскоро.
10. Исклучете го уредот од штекер кога не е во употреба и пред чистење.
11. Kористете го уредот исклучиво за наменетата цел.
12. Ако струен кабел на овој уред е оштетен, смее да го замени само производителот,
овластениот сервис или слична квалификувана личност, за да се избегне опасност.
Не користете остри додатоци за да ја отстраните храната од грејната плоча, бидејќи
13.
тоа ја оштетува површината за греење. Користете само дрвени или пластични
додатоци отпорни на топлина.
14. Посебно внимание треба да се посвети кога сте во близина на уредот, или го
движите за време на загревање храна, вода или која било друга течност.
15. Децата не смеат да си играат со уредот.
16. Не оставајте го кабелот за напојување од апаратот да виси на раб од маса или
било која жешка површина.
17. Не поставувајте го апаратот на или во близина на гас или електричен шпорет, или
во загреана рерна.
18. Бидете посебно внимателни при преместување на уредот кој содржи топло масло
или други топли течности.
19. Бидете внимателни и користете ракавици за рерна и држач за тенџере додека
ракувате со апаратот, за да не се распрсне врелото масло.
Не користето го уредот на отворено.
20.
21. Овој уред не е наменет за користење од лица (вклучително и деца) со намалени
физички, осетни или умствени способности или без искуство и/или знаење, освен
доколку не се под надзор или биле обучени за да го користат уредот од страна на
лице одговорно за нивната безбедност.
22. Овој уред смее да го користат деца постари од 8 години и лица со намален
физички, осетни или умствени способности или недостаток на искуство и знаење,
освен ако не се под надзор или му се дадени упатства за сигурно користење на
уредот и ако се свесни за потенциалната опасност. Чистењето и одржувањето не
смеат да се извршуваат од деца без надзор.
23. За дополнителна опрема од класа III испорачана со единица за напојување што се
одвојува, во упатството е наведено дека уредот треба да се користи само со
дадената опрема.
24. Упатствата за уредите од Класа III наведуваат дека тие мора да се испорачуваат
само за користење при безбедносен екстра низок напон соодветно со ознака на
етикетата на уредот.
2

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido