МОНТАЖА
- Вклучете го клима уредот во режимот „ЛАДЕЊЕ".
Слушајте ја одводната пумпа. Проверете дали водата
истекува добро (задоцнување од 1 мин. пред водата
да почне да истекува е прифатливо, во зависност од
должината на одводната цевка) и проверете дали има
протекување кај некој од споевите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!:
a
Ако откриете дефект, поправете го веднаш.
- Исклучете го клима уредот три минути и проверете
дали сè работи правилно. Ако одводот не е правилно
наместен, водата може да тече наназад и да предизвика
трепкање на светлото на алармот (кај моделот за греење
и ладење и кај моделот само за ладење), а може да има
и протекување од колекторот за кондензација.
- Проверете дали одводната пумпа се вклучува
веднаш штом се огласи алармот за високо ново на
водата. Ако нивото на водата не може да се намали
под максималното ниво, клима уредот ќе запре.
Рестартирајте го уредот додека не запре и испуштете ја
целата вода.
- Запрете го уредот и испуштете ја водата.
• Одводниот чеп се користи за празнење на фиоката со
вода во текот на постапката за одржување. Проверете
дали е правилно поставен за да се спречи протекување.
4.5
Монтажа на украсната табла
• Ако капакот не е правилно монтиран, може да се
случат несакани протекувања на кондензирана вода од
внатрешноста на касетата, а екранот може да покажува
грешки.
• Проверете дали внатрешниот уред е монтиран
на правилното место. Уредот мора да се монтира
хоризонтално и да се порамни со површината на
завршениот таван.
• Проверете ја големината на отворот во ѕидот. По
прикачувањето на украсната табла, отворот не треба да
биде видлив.
• По прикачувањето на украсната табла, погрижете се
да не го поставите моторот за вртење на воздухот под
цевките за ладење.
• Прво, привремено вметнете ги шрафовите на украсната
табла за да може да ја порамните.
• Откако ќе ја порамните, цврсто затегнете ги шрафовите.
• Поврзете ги каблите на синхрониот мотор со сигналните
кабли.
• Проверете дали уредот работи правилно.
• Ако уредот не реагира на далечинскиот управувач,
проверете го поврзувањето. Исклучете ја струјата на
уредот 10 секунди, а потоа повторете го тестот.
- 12 -
4.6
Поврзување на цевките
• При поврзувањето на цевките за вода, уверете се
дека е можно да се пристапи до прекинувачите на
инструментите во внатрешноста на уредот.
• Отстранете ја изолацијата од приклучоците за лемење на
внатрешниот уред.
• Пресечете ги цевките оставајќи доволно должина за нивно
поврзување со приклучоците на надворешниот уред.
• Внимателно свиткајте ги цевките за поврзување
на уредот во саканата насока на поврзување
(Предупредување: Не виткајте ја цевката силно за да не
се создаде набор!)
• Не заборавајте да ја вметнете цевката низ навртката
пред да ја пресечете.
• Пресечете го цревото по монтажата.
• Поврзете ги цевките за вода и цевката за кондензирана
вода со соодветните приклучоци во инсталацијата.
• Правилно изолирајте ги цевките за вода. Покријте ги
засеците во изолацијата со лента за изолација или
изолирајте ги неизолираните цевки за ладење со
материјалот за изолација што вообичаено се користи за
инсталациите за ладење.
• Погрижете се цевките при монтажата да бидат правилно
и поединечно изолирани.
4.7
Отвор за довод на свеж воздух
Кај моделите што имаат отвор за довод на свеж воздух,
треба да се земат предвид следниве точки:
• Страничниот отвор дозволува монтажа на каналите за
внесување воздух однадвор.
• Пресечете го и извадете го материјалот против
кондензација.
• Поврзете ги прирабниците и каналите на куќиштето.
Водовите може да се направат од флексибилен
полиестер со внатрешно засилување или брановиден
алуминиум (4-инчен дијаметар) со надворешен слој
на материјал против кондензација (стаклени влакна со
дебелина 12-25 мм)
5
Кабли
ОПАСНОСТ!:
e
Клима уредот мора да има посебно напојување кај
номиналниот напон.
Електричните поврзувања мора да ги направи
квалификуван техничар според електричните
шеми.
Електричното коло мора да вклучува и
повеќеполарен прекинувач на коло со контактно
растојание од најмалку 3 мм.
aroVAIR · VA 1-KN Прирачник за монтажа - 11/16 - Vaillant 0020249957_00