Информација за бучава
Нивото на звучен притисок на сигналниот тон оценето со А, на 0,2 m
растојание изнесува до 95 dB(A).
Не го држете ласерскиот приемник близу до увото!
Монтажа
Вметнување/менување на батеријата
За работа со ласерскиот приемник се препорачува користење на алкално-
мангански батерии.
Извлечете го нанадвор механизмот за фиксирање (10) на преградата за батерии и
отворете го поклопецот на преградата за батерии (12). Ставете ја батеријата.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од
преградата за батерии.
Доколку предупредувањето за батеријата (c) се појави прв пат на екранот (7),
ласерскиот приемник може да работи уште околу 3 h.
Доколку не сте го користеле ласерскиот приемник подолго време, извадете
u
ги батериите од него. При подолго складирање, батериите во ласерскиот
приемник може да се кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го ласерскиот приемник од влага и директно изложување на
u
сончеви зраци.
Не го изложувајте ласерскиот приемник на екстремни температури или
u
осцилации во температурата. На пр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го ласерскиот
приемник најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При
екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на
ласерскиот приемник може да се наруши.
Одржувајте го работниот простор без пречки кои може да го рефлектираат
u
или попречат ласерскиот зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или
сјајните површини. Не мерете преку стаклени панели или слични
Bosch Power Tools
Македонски | 191
1 609 92A 5S4 | (10.08.2020)