Zanussi ZGG35214 Manual De Instrucciones página 27

Ocultar thumbs Ver también para ZGG35214:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 61
• Спојте го апаратот со работната плоча
без процепи и со соодветен дихтунг.
• Спречете оштетување на долната
страна од апаратот од пареа и влага, на
пр. од машина за миење садови или
рерна.
• Не монтирајте го апаратот во близина
на врати и под прозорци. Ненадејното
отворање на вратите или прозорците
може да ги преврти жешките садови од
површината.
• Пред монтажа, проверете дали условите
на локалното напојување (вид и
притисок на гас) одговараат на
регулирањето на апаратот. Условите за
регулирање на апаратот се наведени на
плочката со спецификации, која се наоѓа
блиску до цевката за довод на гас.
• Овој апарат не смее да се поврзува на
уреди за одвод на производи од горење.
Мора да се намести и поврзе во
согласност со тековните прописи за
монтажа. Особено внимание мора да се
посвети на важечките барања во однос
на вентилацијата.
• При употребата на апарати за
готвење на гас се произведува
топлина и влага во просторијата во
која се наоѓаат. Погрижете се за
добро проветрување во кујната:
држете ги природните отвори за
проветрување отворени или
монтирајте механички уред за
проветрување (механички
аспиратор).
• Ако апаратот интензивно работи
подолго време, потребна е
дополнителна вентилација (на
пример, да се отвори прозорец или
да се зголеми нивото на механичката
вентилација, каде што ја има).
• Внимателно следете ги упатствата за
електрично поврзување. Постои ризик
од повреда од електрична струја.
• Исклучете го апаратот од струја пред
одржување или чистење.
www.zanussi.com
• Клемата е под напон.
• Исклучете го напонот од клемата.
• Монтирајте ја правилно за да
обезбедите заштита од електричен
удар.
• Лабави и несоодветни приклучоци за
струја и штекери може да ја прегреат
клемата.
• Спојките треба правилно да ги монтира
квалификуван електричар.
• Користете држач за олабавување на
кабелот.
• Користете правилен кабел за струја и
заменете го оштетениот со соодветен
кабел. Обратете се во локалниот
сервисен центар.
• Апаратот мора да има електрична
инсталација којашто Ви овозможува да
го исклучите апаратот од струјата на
половите, со отвор на контактот од
минимум 3 mm.
• Ако држачот за фиксирање е блиску до
клемата, секогаш водете сметка кабелот
за поврзување да не дојде во допир со
работ на држачот.
• Мора да имате правилни уреди за
изолација: сигурносни склопки,
осигурувачи, (оние што се навртуваат
треба да се извадат од фасонката),
заштитни склопки за преостаната струја
и контактори.
Расходување на апаратот
• За да се спречи ризик од телесна
повреда или оштетување
– Исклучете го апаратот од струја.
– Пресечете го кабелот на местото каде
што се поврзува со апаратот и фрлете
го.
– Сплескајте ги надворешните цевки за
гас ако има монтирани.
– Разговарајте со локалните овластени
органи за расходување на вашиот
апарат.
27

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido