Нега И Чистење - Zanussi ZGG35214 Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para ZGG35214:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 61
да готвите на најниски температури и да
не ја препечувате храната премногу.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Исклучете го
апаратот и оставете го да се излади
пред да го чистите. Пред чистење или
одржување, исклучете го апаратот од
струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Од безбедносни
причини, не чистете го апаратот со
чистачи на пареа или чистачи под висок
притисок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Немојте да
користите абразивни средства за
чистење, метални жички или киселини.
Тие може да предизвикаат оштетување на
апаратот.
Гребаниците и темните дамки на
стаклото не влијаат врз работата на
апаратот.
• Може да ги извадите држачите за
садовите за лесно да ја исчистите
површината.
• За чистење на емајлираните делови,
капакот и круната, измијте ги со топла
вода со сапуница и исушете ги
внимателно пред да ги вратите назад.
• Измијте ги деловите од не'рѓосувачки
челик со вода, а потоа исушете ги со
мека крпа.
• Држачите за садови не се перат во
машина за миење садови. Тие мора да
се мијат рачно.
• При миење на држачите за садови на
рака, внимавајте при нивното сушење
бидејќи процесот на емајлирање
повремено остава остри рабови.
Доколку е потребно, отстранете ги
тврдокорните дамки со помош на крем-
детергент.
• Погрижете се правилно да ги поставите
држачите за садови по чистењето.
• За да работат пламениците правилно,
погрижете се рачките на држачите за
www.zanussi.com
садови да бидат во центарот на
пламеникот.
• Бидете многу внимателни при
замената на држачите на садовите за
да спречите оштетување на горниот
дел на површината.
По чистењето, исушете го апаратот со
мека крпа.
Не'рѓсувачкиот челик може да потемни
доколку се прегрева. Затоа, не смеете да
готвите во камени и земјени садови или во
садови од лиено железо. Во текот на
работењето, не користете алуминиумска
фолија за да го спречите оштетувањето на
површината.
Отстранување на нечистотиите:
1. – Отстранете ги веднаш: стопена
пластика, пластична фолија и храна
што содржи шеќер.
– Исклучете го апаратот и оставете
го да се излади пред чистењето на:
прстени од бигор, вода, дамки од
маснотии, светкави метални
промени на бојата. Користете
специјално средство за чистење
наменето за површини за готвење.
2. Исчистете го апаратот со влажна крпа
и малку детергент.
3. На крајот исушете го апаратот со
чиста крпа.
Чистење на свеќичката
Оваа функција се добива со ќерамичка
свеќичка за палење со метална електрода.
Секогаш држете ги овие компоненти многу
чисти за да избегнете отежнато палење и
редовно проверувајте да не се затнати
дупките од круната на пламеникот.
Периодично одржување
Побарајте од вашиот локален сервисен
центар периодично да ја провери
состојбата на цевката за гас и на
регулаторот на притисокот, ако го има.
33

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido