при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Активирање на Bluetooth ® Low Energy модул
GCY 30-4 (опрема)
За информации за Bluetooth® Low Energy Module
GCY 30-4 прочитајте го соодветното упатство за
употреба.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (6) има два степени на блокирање, што
спречуваат, да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (7).
Се додека е вметната батеријата во електричниот уред,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата (6) притиснете на копчињата
за отворање (7) и извлечете ја батеријата од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Bosch Power Tools
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилки
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилки
Трајно светло 5× зелено
Трајно светло 4× зелено
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Промена на алат
Ставање на алатот за вметнување (види слика A)
Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и
поставете го алатот за вметнување вртејќи во прифатот
за алат (1). Повторно отпуштете ја чаурата за
заклучување (2), за да го фиксирате алатот за
вметнување
Отстранување на алатот за вметнување
Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и
извлечете го алатот за вметнување од прифатот (1).
Монтирање на додатокот (види слика B)
Извадете го алатот за вметнување.
Вметнете го додатокот во прифатот (1). Свртете го
прстенот за блокирање (16), додека не слушнете да се
вклопи.
Вметнете го алатот за вметнување во додатокот
GFA 18-E/GFA 18-W (види слика C):
Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и
поставете го алатот за вметнување вртејќи во прифатот
за алат (1). Повторно отпуштете ја чаурата за
заклучување (2), за да го фиксирате алатот за
вметнување
GFA 18-M/GFA 18-B/GFA 18-WB (види слика D):
Отворете го додатокот за стезна глава со завртување во
правец ❶, додека не се вметне алатот за вметнување.
Вметнете го алатот за вметнување.
Чаурата на додатокот на стезната глава свртете ја цврсто
со рака во правец ❷. Со тоа, главата автоматски се
заклучува.
Македонски | 183
Капацитет
60−100 %
30−60 %
5−30 %
0−5 %
Капацитет
80−100 %
60−80 %
40−60 %
20−40 %
5−20 %
0−5 %
1 609 92A 53L | (09.12.2019)