OBJ_BUCH-1808-003.book Page 173 Friday, September 16, 2016 10:27 AM
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
При менувањето на алатот што се вметнува носете
заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се
вжештува по долготрајна употреба.
Не стругајте влажни материјали (на пр. тапети) и не
стругајте на влажна подлога. Навлегувањето на вода
во електричниот апарат го зголемува ризикот од
електричен удар.
Површината што треба да ја обработите не ја
третирајте со течности што содржат раствор. При
стругањето доаѓа до затоплување на материјалите и
може да се создадат отровни пареи.
Бидете особено внимателни при користењето на
сечилото. Алатот е многу остар, постои опасност од
повреда.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбед-
носните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење и разделување
на дрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и
елементи за зацврстување (на пр. некалени клинци, хефт
иглици). Исто така е погоден за обработка на меки ѕидни
плочки како и за суво брусење и стругање на мали
површини. Тој особено е погоден за работење близу
рабови и на рамни површини. Електричниот апарат треба
да се обработува исклучиво со Bosch-опрема.
Bosch Power Tools
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Отвори за вентилација
3 Копче за отклучување на батеријата
4 Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
5 Батерија*
6 Приказ за наполнетоста на батеријата*
7 Копче за приказот за наполнетост на батеријата*
8 SDS-лост за деблокирање на алатот
9 Прифат на алатот
10 Рачка (изолирана површина на дршката)
11 Лист за сечење со вдлабнување*
12 Основна брусна плоча
13 Брусен лист*
14 Филц прстен за вшмукувачот за прав*
15 Стеги за вшмукувачот за прав*
16 Млазници за вшмукување*
17 Вшмукувач за прав*
18 Црево за вшмукување*
19 Адаптер за вшмукување*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски Multi-Cutter
Број на дел/артикл
Номинален напон
V=
-1
Број на празни вртежи n
min
0
Агол на осцилација лево/
десно
°
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
кг 1,6 – 1,9/1,7 – 2,2*
Дозволена температура на
околината
– при полнење
°C
– при работа** и при
складирање
°C
Препорачани батерии
Препорачани полначи
* во зависност од употребената батерија
** ограничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
1 609 92A 2ND | (16.9.16)
Македонски | 173
GOP 14,4/18 V-EC
3 601 HB0 0..
14,4/18
8000–20000
1,4
0...+45
–20...+50
GBA 14,4V ...
GBA 18V ...
AL 18..
GAL 3680