OBJ_BUCH-1808-003.book Page 178 Friday, September 16, 2016 10:27 AM
178 | Македонски
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
При брусењето секогаш приклучете го вшмукувачот за
прав.
Стругање
При стругањето одберете повисок степен на број на
осцилации.
Работете на мека подлога (на пр. дрво) со рамен агол и
намален притисок на површината. Инаку стругачот може
да ја исече подлогата.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на температура
за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се
исклучува електричниот уред. При намален број на
вртежи, електричниот апарат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го електричниот уред.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Редовно чистете ги Riff-алатите за вметнување (опрема)
со жичана четка.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
1 609 92A 2ND | (16.9.16)
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните апарати што се
вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на
напомените во дел „Транспорт",
cтрана 178.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools