Вшмукување На Прав/Струготини - Bosch GKS 10,8 V-LI Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GKS 10,8 V-LI Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 29
OBJ_BUCH-2006-001.book Page 180 Tuesday, October 8, 2013 10:38 AM
180 | Македонски
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 1 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 2.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 1 притиснете на копчињата за
отворање 2 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 15 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 1.
Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
4 до пола и потоа до крај, за да се прикаже состојбата на
наполнетост.
LED
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 не свети LED сијаличката,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Ставање/менување на листот за кружната пила
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
 Користете само листови за пила, кои одговараат на
карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.
 Во никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
Бирање на листот за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
1 619 P11 365 | (8.10.13)
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите елек-
тричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 6 и
држете го притиснато.
 Копчето за блокирање на вретеното 6 активирајте го
само доколку вретеното на пилата е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
– Одвртете го 5 затезниот шраф 25 со инбус клуч во
правец на вртење  .
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 21 и држете ја цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница 24 и листот за пилата
23 од вретеното на пилата 20.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите елек-
тричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го листот за пилата 23 и сите стезни делови
што се монтираат.
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 21 и држете ја цврсто.
– Поставете го листот на пилата 23 на приклучната
прирабница 22. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитната хауба со повратен механизам 21.
– Поставете ја стезната прирабница 24 и зашрафете го
затезниот шраф 25 во правец на вртење . Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница 22 и стезната прирабница 24.
Капацитет
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 6 и
2/3
држете го притиснато.
1/3
– Зацврстете го 5 затезниот шраф 25 со инбус клуч во
правец на вртење . Моментот на затегање треба да
<1/3
изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегање
Резерва
плус ¼ вртење.
Вшмукување на прав/струготини
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– За да постигнете висок степен на вшмукување на
прав, користете соодветен вшмукувач заедно со
овој електричен апарат.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

06033c7000

Tabla de contenido