Descargar Imprimir esta página

Philips LivingColors 6912231PH Manual De Instrucciones página 16

Publicidad

MK LivingColors Mini Упатство за користење
Ви благодариме што се одлучивте да го купите Philips LivingColors
Mini производот.
LivingColors Mini е специјално дизајниран за да ви овозможи
создавање на сопствен амбиент во вашиот дом, со помош на
светлина во боја.
Пред првото користење на LivingColors Mini ве молиме внимателно
прочитајте го ова упатство и зачувајте го за користење во иднина.
Доколку се придржувате кон нашите упатства ќе можете да уживате
во полната функционалност на Philips LivingColors Mini.
Важно:
-Внимателно извадете ги деловите од пакувањето.
-Проверете дали се ставени сите елементи.
-Проверете ги приклучоците
На почеток:
1.Поставете го LivingColors Mini на саканото место на рамна и
стабилна подлога.
2.Насочете го LivingColors Mini кон ѕидот, вметнете го приклучокот
за поврзување во светилката (цртеж c.), и потоа приклучете го во
штекер на ѕид. LivingColors Mini ќе направи кратко прикажување на
можните бои (ова е нормално).
3.Вклучете го LivingColors Mini со притиснување на I (вклучено) на
копчето за вклучување/исклучување (цртеж a.).
4.Создадете сопствен амбиент со помош на (цртеж b.):
Допирајќи ја саканата боја на тркалцето за боја, можете да го
движите прстот по тркалцето за боја за да ја прилагодите бојата.
5.Исклучете го LivingColors со притиснување на "0" (исклучено) на
копчето за вклучување/исклучување. LivingColors Mini ќе го зачува
последното поставување (цртеж a.).
Проширете ги можностите на LivingColors Mini:
1)Режим на автоматско менување на боите
Притиснете и задржете на "I" околу 5 секунди, LivingColors Mini ќе
премине во режим на повторување.
За да се вратите во режим на непроменливи бои, притиснете на "0" и
повторно на "I". (цртеж a.)
2)Усогласеност со тајмери
LivingColors Mini може да се постави за користење во комбинација
со тајмер. Во одредено време од денот LivingColors Mini ќе се вклучи,
емитувајќи ја истата светлина како при последното користење (во
зависност од поставеноста при последното користење, ќе биде
вклучен режимот на непроменливи бои или режимот на автоматско
менување на боите).
Откривање на дефекти:
1.LivingColors Mini не емитува светлина,
- Проверете ги приклучоците
- Проверете го приклучокот
2.LivingColors Mini сè уште не функционира на стандарден начин,
- Обратете се до Philips Lighting контакт центарот (исто така
погледнете под Гаранција и сервис)
29
All manuals and user guides at all-guides.com
Чистење и одржување:
Извадете го приклучокот од штекерот.
За да избегнете гребење, LivingColors и приклучокот треба да се
чистат единствено со мека сува ткаенина.
Не употребувајте средства за чистење, абразивни средства или
растворувачи. Избегнувајте допир на течности со сите електрични
делови.
Безбедносни инструкции:
Чувајте ги приклучокот и LivingColors Mini производот подалеку од
течности и влага.
-LivingColors Mini е наменет само за внатрешна употреба. Не
користете го на влажни места, на пр. бањи или на отворено.
-LivingColors Mini не претставува играчка со која би можеле да си
играат децата.
-Не поставувајте го на жешки површини
-Заради безбедносни причини и според условите од гаранцијата,
LivingColors Mini и приклучокот не смеат да се отвараат.
-Користете го единствено испорачаниот приклучок: употребата на
погрешен приклучок со погрешен поларитет или струја може да го
оштети вашиот LivingColors Mini.
-Во случај на снемување струја во вашиот дом, LivingColors Mini ќе се
исклучи. При нормализирањето на електричната мрежа, LivingColors
Mini автоматски ќе се вклучи со последното поставување.
Животна средина:
На крајот од работниот век отстранувањето на уредот направете го
во согласност со упатствата на локалните власти.
Технички спецификации:
AC приклучок: EU тип
Модел: SA1307-120060EU
Влез: 100-240Vac, 50/60Hz
Излез: 12Vdc, 0.6A макс
Животна средина:
На крајот од работниот век отстранувањето на уредот
направете го во согласност со упатствата на локалните
власти. Извадете ги батериите доколку сакате да го
фрлите далечинскиот управувач. Немојте да ги фрлате
батериите со нормалниот отпад од домаќинствата.
Тие мора да бидат однесени на јавно место за собирање или кај
застапник на Philips, по што батериите ќе бидат отстранети на начин
кој не е штетен за животната средина.
Гаранција:
Двегодишната гаранција од Philips е важечка доколку производот
се употребува во согласност со инструкциите за неговата примена.
Рекламациите ќе бидат прифатени со поднесување на оригинален
доказ за купување (фактура, сметка или испратница) на кој се
наведени датумот на купување, името на продавачот и описот на
производот.
Гаранцијата на Philips престанува со важност:
- При каква било промена, прецртување, бришење или нечитливост
на документот за купување или описот на производот.
- Дефекти предизвикани од оштетување, неисправни приклучоци
или неправилно користење.
- Доколку е предизвикан дефект при екстремни околности во однос
на LivingColors Mini како удар на гром, поплава, пожар, несоодветна
употреба или несовесност.
- Доколку LivingColors Mini светилката е отварана или расклопувана.
сервис:
За повеќе информации и во случај на проблем, ве молиме посетете ја
веб-страницата на Philips на www.philips.com/livingcolors или бесплатно
обратете се до Philips Lighting контакт центарот:
00800-PHILIPSL или 00800-74454775
BG Указания за употреба на LivingColors Mini
Благодарим ви, че закупихте LivingColors Mini на Philips.
LivingColors Mini е специално конструирана за създаване на
атмосфера у дома посредством цветове и светлина.
Когато използвате LivingColors Mini за първи път, прочетет
внимателно тези указания и ги запазете за справка в бъдещ
Ако следвате нашите напътствия, ще се възползвате от пъл
функционалност на Philips LivingColors Mini.
Важно:
-Внимателно извадете детайлите от опаковката.
-Проверете свързването
Запознаване:
1.Поставете LivingColors Mini на избраното място върху ст
равна повърхност.
2.Насочете LivingColors Mini към стената, включете свързв
щепсел в лампата (фиг. c.), след което го включете в конт
LivingColors Mini ще покаже кратко въведение в цветовит
възможности (това е нормално).
3.Включете LivingColors Mini с натискане на "I" (включено)
за вкл./изкл. (вж. чертеж a).
4.Създаване на собствена атмосфера (вж. чертеж b):
Като докосвате желания цвят върху колелото на цветовет
да движите пръста си по колелото, за да настроите фино
5.Изключете LivingColors с натискане на "0" (изключено) н
за вкл./изкл. LivingColors Mini ще запомни последната наст
(фиг. a.).
Разширяване на възможностите на LivingColors Mi
1)Режим на автоматична промяна на цветовете
Натиснете "I" за 5 секунди - LivingColors Mini ще влезе в реж
автоматична смяна на цветовете.
За да превключите обратно към режим на статичен цвят, из
"0" и включете отново с "I". (фиг. a.)
2)Съвместимост с устройство за отмерване на времето
Можете да настроите LivingColors Mini с устройство за отм
на времето. В избрания час LivingColors Mini ще се включи, к
ще излъчва същата светлина като при последното използва
зависимост от последната настройка това ще е статичен цв
режимът на автоматична промяна на цветовете).
Проследяване на неизправности:
1.LivingColors Mini не излъчва светлина:
- Проверете свързването
- Проверете щепсела
2.LivingColors Mini продължава да не работи по предназнач
- Свържете се с Центъра за връзки с клиенти на Philips Lig
също "Гаранция и сервиз")
Почистване и поддръжка:
Изключете щепсела от контакта.
За да се предотврати надраскване, LivingColors и щепселът
се почистват само с мека суха кърпа.
Не използвайте почистващи препарати, абразивни препарат
разтворители. Избягвайте течности по електрическите част

Publicidad

loading