LG GF5137PZJZ Manual Del Proprietário página 424

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 105
работење
• Во случај на поплава, престанете со
користење на производот и стапете во
контакт со Центарот за сервис на LG
Electronics. Контактот со вода може да
предизвика струен удар или пожар.
• Ако има протекување на гас
(изобутан, пропан, природен гас итн.),
не допирајте го ниту производот
ниту приклучокот за струја и веднаш
проветрете ја просторијата. Искри
можат да предизвикаат експлозија,
пожар или повреда. Овој производ,
како средство за ладење користи
навистина еколошки гас (изобутан
R600a). Иако користи мали
колични гас, тој е сепак запалив
гас. Истекувањето гас за време на
транспорт, монтажа или работење
може да предизвика пожар,
експлозија или повреда ако се
предизвикаат искри.
• Не прскајте вода во внатрешноста
или на надворешноста за да го
исчистите производот. Водата може
да ја оштети изолацијата и да доведе
до струен удар или пожар.
• Не чистете го производот со четки,
крпи или сунѓери со груби површини
или коишто се изработени од метален
материјал. Тоа може да ја оштети
изолацијата и да доведе до струен
удар или пожар.
• Веднаш исклучете го приклучокот
од струја и стапете во контакт со
Центарот за сервис на LG Electronics
ако откриете невообичаена бучава,
мирис или чад. Тоа може да значи
опасност од пожар.
08
• Не користете го производот за други
намени (за чување медицински или
експериментални материјали или
за транспорт) освен за намената
во домаќинства. Несоодветната
употреба може да предизвика струен
удар, пожар или експлозија.
• Не ставајте ги рацете ниту метални
предмети во внатрешноста од која
излегува ладниот воздух, ниту на
капакот или задната решетка од
која се ослободува толина. Дното
и задниот дел на производот се
направени од челик и може да
предизвикаат струен удар или
повреда.
• Внимавајте на децата во близина кога
ја отворате или затворате вратата на
производот. Вратата може да го турне
детето и да предизвика повреда.
• Внимавајте да не се затвори дете
во внатрешноста на производот.
Дете затворено во внатрешноста на
производот може да се задуши и да
умре.
• Само овластен сервисер од Центарот
за сервис на LG Electronics треба
да го расклопува, поправа или
модифицира производот. Стапете
во контакт со Центарот за сервис на
LG Electronics ако го преместувате
производот. Несоодветниот сервис
може да предизвика повреда, струен
удар или пожар.

Publicidad

Tabla de contenido

Solución de problemas

loading

Este manual también es adecuado para:

Gl5141pzbz

Tabla de contenido