УДАРНА ДУПЧАЛКА PDM1036S
Благодариме за купувањето на овој FERM
производ. Со тоа имате одличен производ,
испорачан од еден од водечките добавувачи во
Европа.
Сите производи доставени од страна на FERM
се произведени според највисоките стандарди
на перформанси и безбедност. Како дел
од нашата филозофија е обезбедување на
одличен срвис за клиентите, со поддршка со
нашите сеопфатни гаранции.
Се надеваме дека ќе уживате користејќи го
овој производ многу наредни години.
1. ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗБЕДНОСТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги приложените,
дополнителните безбедносни
предупредувања и упатствата. Погрешното
следење на безбедносните преупредувања
и упатствата може да доведе до струен
удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги
безбедносните преупредувања и упатствата за
да можете повротно да ги прочитате.
Следните симболи се користат во
упатствата или на производот:
Прочитај го упатството.
Ризик од повреди.
Ризик од струен удар
Веднаш извадете ја приклучницата
од струја ако кабелот е оштетен
како и за време на чистење и
одржување.
Носете заштитни очила. Носете
заштита за слухот.
Носете маска за заштита од
прашина.
Двојна изолација
Не го депонирајте производот во
несоодветни садови.
Производот е во согласност со
важечките стандарди за
безбедност во Европските
смерници.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА УДАРНА ДУПЧАЛКА
Носете заштита за ушите кога дупчите ударно.
Изложувањето на бучава го оштетува слухот.
Користете ја дополнителната дршка, ако е
испорачанa. Губење контрола врз алатот води
кон повреди.
Електричниот алат да го држите за
изолираните дршки, ако се изведуваат работи
кај кои резниот алат може да дојде во контакт
со скриени жици или со сопствениот кабел.
Со пресекување на „жива" жица и металните
делови од електричниот алат стануваат „живи"
и ќе предизвикаат струен удар кај ракувачот.
Електрична безбедност
При користење на електрични машини
почитувајте ги безбедносните правила во
вашата земја, за да го намалите ризикот од
пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги
следните безбедносни упатства и приложените
безбедносни упатства.
Секогаш проверувајте дали
напонот на напојувањето одговара
на наведениот напон на плочката.
Класа на машина II- Двојна изолација
- Не ви е потребен приклучок за
заземјување.
Ако не може да се избегне работење со
електричниот алат во влажна средина,
користете резидуален моментен уред (RCD)
97