Bosch LR 7 Professional Manual Original página 174

Ocultar thumbs Ver también para LR 7 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 31
OBJ_BUCH-2651-002.book Page 174 Thursday, August 25, 2016 11:33 AM
174 | Македонски
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием 5 се прикажува со сигнален
тон.
По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш поставен на средна
гласност.
Можете да ја зголемите гласноста или да го исклучите сигналниот тон.
За менување одн. исклучување на сигналниот тон, притискајте на копчето
Сигнален тон 4, додека на екранот не се прикаже посакуваната гласност. При
пониска гласност, приказот за сигнален тон g се појавува на екранот со една
црта, при повисока гласност со три црти, а при исклучен сигнален тон се губи.
Независно од поставката за сигнален тон, при секое притискање на копчето на
мерниот уред се слуша краток тон со ниска гласност за потврда.
Задно осветлување
Задното осветлување на приказот се вклучува со полна јачина, кога се вклучува
мерниот уред. Ако за 2 минути не се препознае ниту еден ласерски зрак и нема
никаков внес од корисникот, тогаш се намалува задното осветлување за 50 %.
Задното осветлување може да се исклучи, ако истовремено ги притиснете
копчињата за поставката на точноста при мерење 2 и сигнален тон 4 за најмалку
2 секунди.
Совети при работењето
Означување
На средишната ознака 11 од десната и левата страна на мерниот уред може да ја
означите висината на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината на
полето за прием 5.
При обележувањето мерниот уред мора да биде прецизно израмнет вертикално
(при хоризонтален ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при вертикален
ласерски зрак), инаку ознаките ќе се поместат во однос на ласерскиот зрак.
Прицврстување со магнет (види слика B)
Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може да го залепите мерниот
уред со помош на магнети 7 на челичните делови.
1 609 92A 3G1 | (25.8.16)
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido