OBJ_BUCH-1845-002.book Page 128 Friday, June 14, 2013 12:48 PM
128 | Македонски
кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со
струјниот кабел може металните делови на уредот да ги
стави под напон и да доведе до електричен удар.
Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што
се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот,
струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и
да ви ја заглави дланката или раката во алатот што се
вметнува.
Никогаш не го оставајте електричниот апарат,
доколку алатот за вметнување не е целосно во
состојба на мирување. Ротирачкиот алат што се
вметнува може да дојде во контакт со површината на
која сте го оставиле апаратот, и да ја загубите
контролата над електричниот апарат.
Електричниот апарат не смее да биде во погон
додека го носите. Вашата облека може да се зафати од
ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт,
и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрична несреќа.
Не го користете електричниот апарат во близина на
запаливи материјали. Искрите што се создаваат може
да ги запалат овие материјали.
Не користете алати за вметнување, за кои е
потребно течно средство за разладување.
Користењето на вода и други течни средства за
разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
Повратниот удар е ненадејна реакција како последица
на заглавен или блокиран ротирачки алат што се
вметнува, како брусна плоча, брусен диск, жичани
четки итн. Заглавувањето или блокирањето
предизвикуваат ненадејно запирање на ротирачкиот
алат што се вметнува. Така, неконтролираниот
електричен апарат се забрзува наспроти правецот на
вртење на алатот што се вметнува на местото на
блокирање.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна
плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што
се обработува може да се закачи и така да ја скрши
брусната плоча или да предизвика повратен удар.
Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или
наспроти него, во зависност од правецот на вртење на
плочата на местото на блокирање. Притоа брусните
плочи може да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на
електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни
прописни мерки, како што е опишано подолу.
Држете го цврсто електричниот апарат со двете
дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе
може да ја издржите повратната сила. Секогаш
користете дополнителна дршка, доколку постои, за
да имате што е можно поголема контрола над силата
од повратниот удар или реакциските моменти при
3 609 929 C51 | (14.6.13)
работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот
може со соодветни мерки на претпазливост да го
совлада повратниот удар или реакциските сили.
Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на
ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се
вметнува може да ви избега од рацете.
Со вашето тело избегнувајте го полето каде
електричниот апарат се движи со повратен удар.
Повратниот удар го потиснува електричниот апарат во
правец спротивен на движењето на брусната плоча на
местото на блокирање.
Особено внимателно работете во подрачјето со
агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите
алатот што се вметнува да се одбие од делот што се
обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се
вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од
аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење
на контролата или повратен удар.
Не користете синџирести или запчести листови за
пила. Таквите алати за вметнување честопати
предизвикуваат повратен удар или губење на
контролата над електричниот апарат.
Специјални безбедносни напомени за брусење со
брусна хартија
Не користете предимензионирани брусни листови,
туку следете ги податоците на производителот за
големината на брусниот лист. Брусните листови, кои
стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат
повреди како и блокирање, кинење на брусните
листови или повратен удар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
Електричниот апарат секогаш користете го со алат
што се вметнува. Работата без алат за вметнување е
опасна и може да доведе до повреди.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Bosch Power Tools