OBJ_BUCH-2269-003.book Page 144 Wednesday, October 5, 2016 2:16 PM
144 | Македонски
Брусни листови без велкро лепенка (види слики B–D)
Олабавете го затезниот стремен 4 од механизмот за
фиксирање и навалете го надолу.
Вметнете го брусниот лист 6 под задниот терминален
блок 2. Внимавајте брусниот лист 6 да не е прекраток
и да биде правилно прицврстен. Навалете го
затезниот стремен 4 назад во излезната позиција и
фиксирајте го таму.
Поставете го брусниот лист цврсто околу брусната
плоча 3. Прицврстете го предниот дел на брусната
плоча под предниот терминален блок 7. Внимавајте
брусниот лист 6 да не е прекраток и да биде правилно
прицврстен. Навалете го затезниот стремен 4 назад
во излезната позиција и фиксирајте го таму.
Неиздупчените брусни листови, на пр. од материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење 19 за вшмукување на прав.
Електричниот апарат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика G).
За да го извадите брусниот лист 6 олабавете ги двата
затезни стремени 4 и извлечете го брусниот лист од
неговиот држач.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
За обработка на сите дрвени
материјали
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
За завршно и фино брусење на дрво фино
За обработка на обоени/лакирани
слоеви одн. подлоги, како маса за
полнење и шпахтел маса
За брусење на боја
За брусење на основната боја
За крајно брусење на основната боја
пред лакирање
За завршни работи одн. полирање особено на метал и
камен, користете волнен филц/филц за полирање.
Во зависност од квалитетот на површината на делот што се
обработува, користете различни видови волнени
филцови одн. филцови за полирање.
1 609 92A 369 | (5.10.16)
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено вшмукување со кутија за прав
(види слики E1–E4)
Ставете ја кутијата за прав 1 на млазниците за издувување
Гранулација
15, додека не се вклопи.
40 – 180
За да ја испразните кутијата за прав 1 извлечете ја надолу.
Пред да ја отворите кутијата за прав 1, тропнете со неа на
цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја
отстраните правта од филтерот.
грубо
40
Фатете ја кутијата за прав 1 за вградената рачка,
преклопете го филтерот 16 нагоре и испразнете ја кутијата
средно 80, 120
за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот 16 со мека
четка.
180
Надворешно вшмукување (види слика F)
40 – 180
Ставете го адаптерот за вшмукување 17 на млазниците за
издувување 15. Внимавајте на тоа, да се вклопи лостот за
фиксирање на адаптерот за вшмукување. На адаптерот за
вшмукување 17 може да се приклучи црево за
вшмукување со дјаметар од 19 мм.
грубо
40
Прегледот за приклучување на различните видови на
средно 80, 120
вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
фино
180
За демонтажа на адаптерот за вшмукување 17 притиснете
на односниот лост за фиксирање од задната страна и
извлечете го адаптерот за вшмукување.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Bosch Power Tools