Panasonic TY-ER3D6ME Instrucciones De Operación página 230

Tabla de contenido

Publicidad

Македонија
MK
Panasonic Marketing Europe GmbH, organizační složka Česká
republika, Thámova 289/13, 186 00 Praha 8 Будимпешта, Унгарија,
гарантира дека овој производ нема фабрички дефекти и дека за
евентуалното сервисирање во овластените сервисни центри на
Panasonic во Македонија, наведени во овој лист, за период од 2
(две) години, сметајќи од датумот на купување, не се наплаќаат
работната рака и резервните делови.
Општи гарантни услови:
(1) Производот треба да биде доставен во најблискиот овластен
сервис (или неговиот собирен пункт), заедно со гарантниот лист и
оригиналната фактура или друг документ за купопродажбата.
Внимание! При купувањето на производот, Ве молиме проверете
дали гарантниот лист е правилно и целосно пополнет (модел,
сериски број, датум на купување/монтажа, потпис и печат на
продавачот/монтажерот). Непотполнета гаранција нема важење.
(2) Гаранцијата го губи своето важење во следните случаи:
а) Оштетувања и дефекти настанати при транспорт на производот,
електричен удар, поради неприспособен напон или природни
неприлики како гром, земјотрес, поплава, пожар и сл., како и "виша
сила", несоодветно проветрување и вентилација и неправилно
приклучување.
б) Оштетувања и дефекти настанати како резултат на неправилна
употреба и небрежност од страна на корисникот, употреба на
производот на начин различен од оној кој е опишан во упатството за
употреба, како и искористување на производот за професионални,
трговски и индустриски цели.
в) Оштетувања и дефекти кои се појавуваат како резултат на
влага, рѓа, инсекти, страни предмети, нечистотија, употреба во
несоодветни простории и употреба на нагризувачки средства.
г) Поправка, монтажа или модификација на производот извршена
од неовластено лице, или монтажа, модификации и/или дејствија
кои довеле до нарушување на техничките карактеристики на
производот и условите за безбедност.
д) Серискиот број е сменет, преправен или направен нечитлив.
е) За редовно одржување, проверка и чистење на производот како
и за придружните и потрошни делови како што се: кабли, антени,
батерии, адаптери, сијалички, црева, папучи, копчиња, филтри и
други делови се со ограничен рок на траење.
(3) Гарантниот рок на ламбите за LCD проекторите е ограничен на
90 дена од датумот на купувањето, или 200 работни часа (зависно
од тоа кој услов е достигнат прв).
Гаранцијата на производот е надополнување и во никаков случај не
ги ограничува правата на купувачите, загарантирани со законите на
РМ.
Оваа Гаранција единствено е валидна на териториите на
Европска Унија (EU), Европски Економски Простор (EEA), Турција,
Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Швајцарија
за производи купени и користени единствено во овие земји. Доколку
земјата на користење е различна од земјата на купување, услугата
ке биде обезбедена во согласност со важечките услови во земјата
на користење,освен доколку гарантниот период во земјата на
купување е подолг од тој во земјата на користење, во тој случај
важечки ке биде гарантниот период во земјата на купување.
VIDEO DATA Service Center
Blvd Avnoj 74, 1000 Skopje
Tel: +389 2 30 91 725
Fax: +389 2 30 90 691
E-Mail: info@videodata.com.mk
22

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido