Bosch GAM 270 MFL Professional Manual De Instrucciones página 196

Ocultar thumbs Ver también para GAM 270 MFL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 33
OBJ_BUCH-2370-003.book Page 196 Tuesday, February 16, 2016 3:45 PM
196 | Македонски
Притиснете на копчето 15. Пресметаниот хоризонтален агол на
закосување „MTR", кој мора да се постави на пилата за отсекување и
сечење под агол, како и индикаторот „MTR" ќе се прикажат на екранот.
Притиснете на копчето „MTR1" 15, за да се вратите од режимот на
работа „Еднократно закосување" во режимот на работа „Мерење на
агли".
Со кратко притискање на копчето за вклучување-исклучување
„ON/OFF" се враќате назад во режимот на работа „Мерење на агли".
Притоа, ќе се избрише ев. зачуваната „HOLD"-вредност.
Напомена: Пресметаниот хоризонтален агол на закосување „MTR"
може да се преземе само за пили за отсекување и сечење под агол, каде
поставувањето за вертикално сечење изнесува 0°. Доколку
поставувањето за вертикално сечење изнесува 90°, аголот на сечење
мора да го пресметате на следниот начин:
90° – прикажан агол „MTR" = аголот кој треба да се постави на пилата.
Режим на работа „Двојно закосување"
Режимот на работа „Двојно закосување" („Compound MTR") служи за
пресметка на хоризонтални и вертикални агли на закосување, доколку
двата дела што треба да се обработуваат со повеќекратни агли (на пр.
лајсни за плафони) треба да се судрат точно еден со друг.
Режимот на работа „Двојно закосување" се активира со притискање на
копчето „MTR2". За пресметка на аголот секогаш се користи
прикажаната вредност на позициите на кракот. Ев. зачуваната „HOLD"-
вредност се брише со завршување на режимот на работа „Двојно
закосување".
Следете ги работните чекори точно според дадениот редослед.
„1. SPR": Зачувување на аголот на косина (Spring Angle)
SPR
За зачувување на аголот на косина постојат следните можности:
– Отворете ги кракот на преклопување и основниот крак, додека не се
прикаже аголот на косина на екранот.
– Измерете го непознатиот агол на косина. За да го направите тоа,
поставете го делот што се обработува помеѓу кракот на преклопување
и основниот крак.
Доколку мерењето на особено тесни и мали делови за обработка не е
возможно со мерниот уред, тогаш искористете помошно средство,
како на пр. подвижно мерило, и потоа поставете го аголот на мерниот
уред.
Притиснете го копчето 16, за да го зачувате измерениот одн. повиканиот
агол на закосување за двојно закосување. На екранот се појавуваат
„SPR" и актуелниот агол.
Доколку при притискање на копчето 16 аголот изнесува повеќе од 90°,
но помалку од 180°, тогаш аголот на косина „SPR" се пресметува
автоматски на следниот начин:
„SPR" = 180° – измерен, одн. поставен агол.
„2. CNR": Зачувување на аголот во ќош (Corner Angle)
1 609 92A 25B | (16.2.16)
MTR
MTR
SPR
SPR
CNR
CNR
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido