OBJ_BUCH-2370-003.book Page 197 Tuesday, February 16, 2016 3:45 PM
Поставете ги кракот на преклопување и основниот крак рамно на
ѕидовите за мерење на аголот во ќош, и прочитајте го измерениот или
поставете одреден агол на ќош на мерниот уред.
Притиснете го одново копчето 16, за да го зачувате измерениот или
повиканиот агол на ќош за двојното мерење. На екранот се појавуваат
„CNR" и актуелниот агол.
„3. MTR": Пресметување на хоризонталниот агол на закосување
(Miter Angle)
Одново притиснете го копчето 16. На екранот се појавуваат „MTR" и
пресметаниот хоризонтален агол на закосување за пилата за отсекување
и сечење под агол.
„4. BVL": Пресметување на вертикалниот агол на закосување
(Bevel Angle)
Одново притиснете го копчето 16. На екранот се појавуваат „BVL" и
пресметаните вертикални агли на закосување за пилата за отсекување и
сечење под агол.
По потреба, хоризонталните и вертикалните агли на закосување можат
одново да се повикаат, ама само додека не се притисне копчето 15 за
промена на режимот на работа. За повикување на аголот притиснете на
копчето 16. На екранот се појавуваат „MTR" и пресметаниот
хоризонтален агол на закосување, по одново притискање на копчето 16
„BVL" и вертикалниот агол на закосување.
Притиснете го копчето 15 пократко од 1 с., за да се вратите назад од
режимот на работа „Двојно закосување" во режимот на работа „Мерење
на агли".
Напомена: Пресметаниот хоризонтален агол на закосување „MTR"
може да се преземе само за пили за отсекување и сечење под агол, каде
поставувањето за вертикално сечење изнесува 0°. Доколку
поставувањето за вертикално сечење изнесува 90°, аголот на сечење
мора да го пресметате на следниот начин:
90° – прикажан агол „MTR" = аголот кој треба да се постави на пилата.
Режим на работа Мерење на косини
Вклучување/исклучување на ласерот
За вклучување и исклучување на ласерот, притиснете на копчето за
вклучување-исклучување 18.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Не го оставајте мерниот уред со вклучен ласер без надзор и
исклучете го ласерот по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
Доколку не го користите ласерот, исклучете го, за да заштедите енергија.
Менување на мерната единица (види слика B)
Во секое време може да ги менувате мерните единици „°", „%" и „mm/m".
За тоа, притискајте го копчето за промена на мерните единици 20,
додека не се појави саканата мерна единица на приказот k/m.
Актуелната измерена вредност автоматски ќе се пресмета.
При исклучување и вклучување на мерниот уред, поставката на мерната
единица останува зачувана.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето сигнален тон 19 може да го вклучувате и исклучувате
сигналниот тон. При вклучен сигнален тон, на екранот се појавува
приказот o.
При исклучување и вклучување на мерниот уред, поставката за
сигналниот тон останува зачувана.
Bosch Power Tools
MTR
MTR
BVL
BVL
Македонски | 197
1 609 92A 25B | (16.2.16)