OBJ_BUCH-1063-006.book Page 161 Tuesday, September 6, 2016 3:45 PM
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика A)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 11.
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
Доколку, во поединечни случаи, не е возможно
електричниот апарат да се монтира цврсто на работна
површина, може да ги монтирате ногарките на основната
плоча 13 на соодветна подлога (на пр. работна клупа,
рамен под), без да го зацврстувате електричниот апарат.
Замена на алатот (види слики B1–B2)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Активирајте ја блокадата на вретеното 5 само
доколку вретеното на алатот 20 е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по работата,
додека не се олади. Брусната плоча за сечење за
време на работата се вжештува.
Употребувајте само брусни плочи за сечење, чија
максимално дозволена брзина е иста или повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен апарат.
Користете само брусни плочи за сечење, кои одговараат
на наведените податоци во ова упатство за употреба или
се проверени според EN 12413 и се соодветно означени.
Неискористените брусни плочи за сечење ставете ги во
затворен контејнер или оригиналното пакување.
Складирајте ја брусната плоча за сечење во лежечка
положба.
Демонтирање на брусната плоча за сечење
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
(види „Отклучување на електричниот апарат (работна
позиција)", страна 161)
– Навалете ја заштитната хауба со повратен механизам 4
до крај наназад.
– Свртете ја завртката со шестаголна глава 23 со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 12
и истовремено притиснете ја блокадата на вретеното 5,
додека не се вклопи.
Bosch Power Tools
– Држете ја притисната блокадата на вретеното и
одвртете го шестаголниот шраф 23.
– Извадете ја подлошката 22 и стезната прирабница 21.
– Извадете ја брусната плоча за сечење 6.
Монтирање на брусната плоча за сечење
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Новата брусна плоча за сечење ставете ја во вратилото
на алатот 20, така што налепницата ќе покажува
настрана од рачката на апаратот.
– Поставете ја прирабницата за затегање 21, подлошката
22 и шестаголната завртка 23.
Притиснете ја блокадата на вретеното 5 додека не се
вклопи и повторно зацврстете ја завртката со
шестаголна глава 23 во правец на стрелките на
часовникот. (вртежен момент на затегање. 18–20 Nm)
– Полека водете ја надолу заштитната хауба со повратен
механизам 4 додека брусната плоча за сечење целосно
не се покрие.
– Осигурете се дека заштитната хауба со повратен
механизам 4 правилно функционира.
По монтажата на брусната плоча за сечење, пред
вклучувањето, проверете дали брусната плоча за сечење
е точно монтирана и дали може слободно да се врти.
– Осигурете се дека брусната плоча за сечење нема да
стрчи на заштитната хауба со повратен механизам 4, на
фиксираната заштитна хауба 18 или на другите делови.
– Активирајте го електричниот апарат за околу 30
секунди.
Доколку се појават значителни вибрации, веднаш
исклучете го електричниот апарат и одново
демонтирајте ја и монтирајте ја брусната плоча за
сечење.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика C)
Транспортниот осигурувач 15 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 3 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 15.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 15.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа,
транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре,
инаку рачката на апаратот нема да може да се навали на
саканата длабочина.
Македонски | 161
1 609 92A 34D | (6.9.16)