Skil 0732 Manual Original página 94

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 35
5 Носете заштитни очила и заштита за ушите
6 Обрнете внимание на ризикот од повреда што
може да го предизвика отфрлениот остаток од
косењето (присутните лица да стојат на безбедно
растојание од местото на работа)
7 Веднаш извлечете го приклучокот ако кабелот (и
продолжниот) се оштети или пресече во текот на
работата
8 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
9 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Упатство за спојување 0
- монтирајте го горниот дел на куќиштето A на
долниот дел на куќиштето B како што е
прикажано со доставените 2 C шрафа
- монтирајте го штитникот за косење D како што е
прикажано со доставените 2 шрафа C
! никогаш не користете ја машината без
штитник D
• Водилка за кабелот !
- закачете ја куката на продолжниот кабел над
водилката E како што е прикажано
- повлечете цврсто за да го обезбедите
продолжниот кабел
• Вклучено/Исклучено @
- вклучете го алатот со притискање на
прекинувачот за активирање F
- исклучете ја машината со пуштање на
прекинувачот за активирање F
! по исклучување на алатот, конецот за косење
продолжува да ротира уште неколку секунди
- оставете конецот да престане да се врти пред
повторно вклучување
! не исклучувајте и вклучувајте премногу бргу
• Поткастрување
- проверете дали капак G е изваден од сечивото
за сечење на конецот пред да го користите
алатот
! проверете дали областа за косење е без
камења, отпадоци и други страни предмети
! започнете со поткастрување само кога
машината работи со полна брзина
- започнете со поткастрување откај приклучокот за
напојување и оддалечувајте се додека работите
- сечете ја високата трева во слоеви (секогаш
започнете од горе)
- секогаш кастрете со врвот на конецот за косење
- не сечете влажна или мокра трева
- спречете исечената трева да се лепи на калемот
(не косете предолго)
- не преотоварувајте ја машината
- сечете внимателно околу дрва и грмушки и
спречете нивен контакт со конецот
- држете ја машината подалеку од цврсти предмети
за да го заштитите конецот од прекумерно абење
- внамавајте на повратниот удар што може да се
појави кога ќе се допрат цврсти предмети
• Држење и насочување на алатот #
- при сечење висока трева, бавно замавнувајте со
машината оддесно налево и обратно
- закосете ја машината при сечење ниска трева
како што е прикажано
- цврсто држете ја машината со двете раце за да
имате постојано целосна контрола врз неа
- заземете стабилна позиција за работа
- секогаш држете ја машината далеку од телото
• Подавање конец $
- потчукнете го копчето J внимателно од земјата (на
цврст терен, ако е можно) додека работи моторот
- двата конци за сечење ќе се ослободат и отсечат
за да се поправи должината на сечивото K
- проверете дали капак G е изваден од сечивото
за сечење на конецот пред да го користите
алатот
! внимавајте да не се повредите од сечивото за
сечење на конецот K
- по подавање конец, секогаш вратете го алатот во
нормална положба за работа пред да го вклучите
- подавајте конец редовно за да се одржи
комплетен циклус на сечење
- кога моторот работи без оптеретување и не се коси
трева, ако конецот е потрошен или скинат; намотајте
го калемот или заменете го системот со калемот
• Мотање на калемот %
Во случај кога конецот нема да излезе од главата со
калемот L
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- извадете го системот со калемот и извадете го
калемот од главата L
- цврсто намотајте ги двата конци за косење
рамномерно во слоеви во правец на стрелката
- вметнете ги двата конци во отворите на калемот Х
и проверете дали се поставени безбедно на место
(оставете доволно должина на конецот)
- протнете ги двата конци низ отворите на калемот
Y пред да го ставите намотаниот калем во главата
за калемот L
! проверете дали калемот е цврсто поставен во
лежиштето и потоа пуштете ги двата конци од
отворите Х со цврсто повлекување
- поставете го системот со калем на алатот
• Замена на калемот ^
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- едноставно извадете/поставете стар/нов калем
како што е прикажано
- користете само SKIL калеми 2610Z07373 со оваа
алатка (оштетувањето поради употреба на
други калеми нема да биде покриено од
гаранцијата)
- откако ќе го смените калемот, вклучете ја пробно
машината најмалку една минута без оптоварување
за да проверите дали работи правилно
! обезбедете машината да биде исклучена кога
ќе ја приклучувате во струја
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Секогаш исклучувајте го алатот, вадете го
приклучокот од изворот на напојување и осигурајте
се дека сите подвижни делови се целосно запрени
94

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido