Автоматика За Нивелирање - Bosch GLL 3-80 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GLL 3-80 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 24
OBJ_BUCH-3085-001.book Page 132 Thursday, April 27, 2017 11:41 AM
132 | Македонски
При пречекорување на највисоката дозволена работна
температура од 40 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Доколку температурата на мерниот уред со приближува
до највисоката дозволена оперативна температура,
светлоста на ласерските линии полека се намалува.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита
на батериите.
За повторно да го вклучите мерниот уред по автоматското
исклучување, може или прво да притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„Off" и потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или
еднаш да притиснете на копчето за режим на работа на
ласерот 6 или копчето Режим на приемник 4.
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
држете го притиснато копчето за режим на работа 6 (при
вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку автоматиката
за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко
трепкаат за потврда.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го мерниот уред и повторно вклучете го.
Деактивирање на сигналниот тон
По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш
активиран.
За деактивирање одн. активирање на сигналниот тон
притиснете истовремено на копчето за режим на работа
на ласерот 6 и копчето Режим на приемник 4 и држете ги
притиснати најмалку 3 s.
При активирањето и при деактивирањето се слушаат три
кратки сигнални тонови за потврда.
Видови употреба
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените во било кое време:
– Емитира една хоризонтална ласерска рамнина,
– Емитира една вертикална ласерска рамнина,
– Емитира две вертикални ласерски рамнини,
– Емитира една хоризонтална ласерска рамнина, како и
две вертикални ласерски рамнини.
По вклучувањето, мерниот уред емитира хоризонтала
ласерска рамнина. За да го смените начинот на работа,
притиснете на копчето за режим на работа на ласерот 6.
Сите начини на работа може да се изберат со или без
автоматика за нивелирање.
Режим на приемник
За работење со ласерски приемник 16 мора – независно
од избраниот начин на работа – да биде активиран
режимот на приемник.
При активиран режим на приемник, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник 16.
1 609 92A 3PW | (27.4.17)
За вклучување на режимот на приемник притиснете на
копчето 4. Приказот 5 свети зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучен режимот на приемник. За
работење без ласерски приемник, исклучете го режимот
на приемник со одново притискање на копчето 4.
Приказот 5 се гаси.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога и прицврстете го на држачот 15 или стативот 23.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
On".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±4°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4°
од хоризонталата, ласерските линии трепкаат во брз такт.
Доколку сигналниот тон е активиран, се слуша сигнален
тон со забрзан такт.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во
рамки на полето за самонивелирање од ±4°, ласерските
зраци непрекинато светат и сигналниот тон ќе се исклучи.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска
линија во однос на референтните точки за да се избегнат
грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во
позиција „
On". При исклучена автоматика за
нивелирање, приказот 3 свети црвено и ласерските линии
непрекинато трепкаат во бавен такт.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Ласерските линии не мора да се
вертикално една кон друга.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 м. Доколку е
возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на
работната површина.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

06159940kd3165140934435

Tabla de contenido