OBJ_BUCH-1501-005.book Page 124 Wednesday, August 17, 2016 1:14 PM
124 | Македонски
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута при
максимален број на вртежи без оптоварување. Не
користете оштетени, нетркалезни или алати за
брусење што вибрираат. Оштетените алати за
брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За ставање во употреба на електричниот апарат,
навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување
8 во позиција „I".
– За да го исклучите електричниот апарат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 8 во
позиција „0".
Совети при работењето
За обработка на предмети за обработка од цврст метал
употребете брусни тркала од силициум карбид C
(прибор).
Заштитете го брусниот алат од удар, и маснотии.
– Ставете го предметот за брусење на основата на
предметот за обработка 11 и притиснете го лесно кон
брусното тркало. За постигнување на оптимални
брусни резултати, предметот движете го лесно напред
назад. Со тоа брусното тркало ќе биде рамномерно
истрошена.
– Од време на време предметот за обработка оладете го
во вода.
1 609 92A 2H2 | (17.8.16)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и
електронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се
вон употреба мора одделно да се
собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools