УБОДНА ПИЛА 750W
Благодариме за купувањето на овој FERM
производ.
Со тоа имате одличен производ, испорачан од
еден од водечките добавувачи во Европа.
Сите производи доставени од страна на FERM
се произведени според највисоките стандарди
на перформанси и безбедност. Како дел од
нашата филозофија е обезбедување на
одличен срвис за клиентите, со поддршка со
нашите сеопфатни гаранции.
Се надеваме дека ќе уживате користејќи го
овој производ многу наредни години.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗБЕДНОСТ
1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги приложените,
дополнителните безбедносни
предупредувања и упатствата.
Погрешното следење на
безбедносните преупредувања и
упатствата може да доведе до
струен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Чувајте ги безбедносните
преупредувања и упатствата за
да можете повротно да ги
прочитате.
Следните симболи се користат во упатствата
или на производот:
1
Прочитај го упатството.
2
Ризик од повреди.
3
Ризик од струен удар..
4
Веднаш извадете ја приклучницата
од струја ако кабелот е оштетен
како и за време на чистење и
одржување.
5
Носете заштитни очила.
Носете заштита за слухот.
A
Носете маска за заштита од
прашина.
7
Двојна изолација
Не го депонирајте производот во
несоодветни садови.
9
Производот е во согласност со
важечките стандарди за безбедност
во Европските смерници.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗБЕДНОСТ
За убодни пили
● Не обработувајте материјали кои содржат
азбест. Азбестот е карциноген.
● Носете заштитни очила, заштита за ушите и
по потреба заштитна опрема, како
заштитни ракавици, чевли итн..
● Пред работа од работното парче отстранете
шајки и други метални предмети.
● Проверете го потпирањето или стегањето
на парчето.
● Не ja користете машината без браник.
● Пред секое користење проверете го листот
за пилата. Не користете тапи, пукнати,
искинати или листови со било какво
оштетување.
● Проверете дали е правилно монтиран
листот.
● Користете листови кои се предвидени за
оваа машина.
● Користете листови со точни димензии.
● Не користете друг прибор освен листови за
пила.
● Не користете HSS листови.
● Не ја користете машината за обработка на
делови на длабочини кои ја надминуваат
максималната длабочина на листот.
● Држете ја машината за изолираните дршки,
ако листот може да дојде во контакт со
скриени жици или со сопствен кабел. Ако
листот допре „жива" жица, металните
делови на машината исто така стануваат
„живи".
Ризик од струен удар.
● Пуштете ја машината да работи без
оптеретување после монтирање на листот.
Ако машината силно вибрира, веднаш
исклучете ја, извадете го кабелот од струја
и обидете се да го решите проблемот.
● Листот продолжува да се движи краток
период по исклучување на машината. Не се
обидувајте да го сопрете листот.
117