– Држете го цврсто електричниот алат со вилушкаст клуч
(21) на површината на клучот (4) на прирабницата на
аголната глава.
Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на
u
телото на куќиштето.
– Со вилушкаст клуч (20) олабавете ја преклопната
навртка на површината на клучот (5). Поставете ја
аголната глава на одвртувачот (3) за околу 45° во
саканата позиција, и со вилушкастиот клуч (20)
повторно затегнете ја преклопната навртка на
површината на клучот (5).
Притоа, со вилушкастиот клуч (21) држете наспроти
прирабницата на аголната глава.
Подесување и отстранување на аголната глава
на одвртувачот (види слика E)
Важи за следните типови:
ANGLE EXACT ION 30-300 | 40-220 | 50-210 | 60-120
Аголната глава на одвртувачот (3) со прифат за алат (2)
може да се подеси бесстепено за 360°.
– Олабавете ја контра-навртката (22), при што со
соодветен алат ќе ја закачите во отворот и ќе вртите во
правец на стрелката a (лев навој).
– Фиксирајте ја аголната глава на одвртувачот (3) во
оваа позиција, при што ќе ја свртите контра-навртката
(22) во правец на стрелката c наспроти аголната глава
на одвртувачот. Повторно зацврстете ја контра-
навртката (22) со затезен момент од макс. 50 Nm.
– Вртете ја аголната глава на одвртувачот (3) во правец
на стрелката b, додека не го постигнете саканиот агол
на работа, најмногу за 360°.
Аголната глава на одвртувачот (3) исто така може
комплетно да се отстрани, доколку го замените прстенот
за обележување (17) со прстен за обележување во друга
боја или доколку сакате да го подесите работното светло.
Најпрво подесете го работното светло во саканата
позиција (види „Подесување на работното светло (види
слика C)", Страница 214), пред да ја прилагодите
аголната глава на одвртувачот.
– Олабавете ја контра-навртката (22), при што со
соодветен алат ќе ја закачите во отвор и ќе вртите во
правец на стрелката a (лев навој). Свртете ја аголната
глава на одвртувачот (3) во правец на стрелката b,
додека не може да се отстрани. Свртете ја контра-
навртката (22) во правец на стрелка a од куќиштето на
моторот (23).
Сега може да го замените прстенот за обележување или
да го подесите работното светло.
– Свртете ја контра-навртката (22) во правец на
стрелката c на куќиштето од моторот (23) и повторно
завртете ја аголната глава на одвртувачот спроти
правецот на стрелката b.
– Фиксирајте ја аголната глава на одвртувачот, така што
ќе ја свртите контра-навртката (22) во правец на
стрелката c.
Bosch Power Tools
– Повторно зацврстете ја контра-навртката (22) со
затезен момент од околу 50 Nm.
Конфигурација на електричниот алат
Со помош на софтверот BOSCH EXACT Configurator на
електричниот алат може да се конфигурираат различни
поставки (на пр. број на вртежи, степени на одвртување,
заштита од рестартирање). Тогаш електричниот алат
мора да се поврзе преку USB-интерфејс со PC.
Напомена: Притоа внимавајте на сите безбедносни
напомени и инструкции во упатството за употреба на
софтверот.
Замена на алатот кај завртка со надворешна
четириаголна глава (види слика F)
Ставање на алатот за вметнување
– Притиснете ја навнатре чивијата на четириаголната
глава на прифатот за алат (2), на пр. со помош на мал
одвртувач и вметнете го алатот за вметнување (1) над
четириаголната глава. Внимавајте чивијата точно да
влезе во отворот на алатот за вметнување.
Вадење на алатот за вметнување
– Притиснете ја навнатре чивијата во отворот на алатот
што се вметнува (1) и извлечете го алатот за
вметнување од прифатот за алат (2).
Замена на алатот кај завртка со внатрешна
четириаголна глава (види слика G)
Ставање на алатот за вметнување
– Вметнете го алатот за вметнување (1) во внатрешната
шестаголната глава на алатот за прифат (2), додека не
се вклопи.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете го алатот за вметнување (1) од алатот за
прифат (2), доколку е потребно со помош на клешти.
Замена на алатот кај завртка со
брзозатегнувачката глава (види слика H)
Ставање на алатот за вметнување
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
вметнување (1/4"-шестаголна глава).
– Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (24)
нанапред.
– Ставете во алатот за вметнување (1) во прифатот за
алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката
глава.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (24)
нанапред.
– Извадете го алатот за вметнување (1) од прифатот за
алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката
глава.
Македонски | 215
1 609 92A 4R1 | (21.02.2019)