•
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа –20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
•
Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии. Поправката на комплети со батерии треба
да ја врши само производителот или овластен
сервис.
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
5 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
6 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
Полнење на акумулаторска батерија
•
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
Вадење/инсталирање на батеријата 2
•
•
Индикатор за нивото на батеријата 7
- притиснете го копчето за индикаторот за нивото на
батеријата J за да се прикаже нивото на батеријата.
•
Вклучено/Исклучено
- алатот вклучете/исклучете го со поместување на
прекинувачот A 2 напред/назад
•
Ставање/вадење на приборот 8
- поврзете ја млазницата F или H со влезниот порт D
- опционално користете ја продолжителната цевка G
- за отстранување на прибор се справи обратно
•
Испразнете го делот за собирање прав 9
! отстранете ја батеријата од алатот пред
чистење
- притиснете го копчето за ослободување B и
отстранете го делот за собирање прав E
- отстранете го филтерот K од делот за собирање
прав како што е прикажано на сликата
- исчистете го филтерот по потреба (видете подолу)
- испразнете го делот за собирање прав
- повторно вратете го филтерот во делот за
собирање прав
- прицврстете го делот за прав на алатката
(проверете дали преградата за прав „кликнува" на
местото)
! никогаш не работете со алатката без
потребните филтри
! оптималните перформанси за собирање прав
ќе се постигнат само со чист филтер и празен
дел за собирање прав
•
Чистење на филтерот за прав q
- редовно чистете го внимателно отстранетиот
филтер за прав со нежно тапкање или со
отстранување на нечистотијата со четка (носете
маска за прав)
- не чистете во затворени простории во
живеалиштата
! не го мијте филтерот со сапун и вода
- за да го запира правот, филтерот за прав треба да
биде сув
- ако филтерот за прав е влажен, брзо ќе се затне и
ќе биде многу тешко да се исчисти
! не користете филтер за прав со пукнатини или
мали дупки; веднаш заменете го
•
Држење и насочување на алатот w
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- отворите за ладење C 2 држете ги отворени
•
Заштита на батеријата
Исклучува машината или спречува машината да се
вклучи, кога
- температурата на батеријата не е во дозволениот
опсег за температура од -20 до +50° C
- литиум-јонската батерија е скоро празна (за да ја
заштити од целосно празнење)
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
•
Овој алат не е наменет за професионална употреба
•
Алатот секогаш да се одржува чист (особено
отворите за ладење C 2 )
! отстранете ја батеријата од алатот пред
чистење
- чистете ги отворите за вентилација C 2 редовно,
со четка или компресиран воздух
! не обидувајте се да ги чистите отворите за
вентилација со вметнување на остри предмети
низ отворите
•
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
•
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
•
Не се ослободувајте од електични алати,
батерии, уреди или амбалажа преку нивно
фрлање во домашното ѓубре (само за земјите на
ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 6 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
! пред да се фрли акумулаторската батерија во
отпад, заштитите ги нејзините полови
60