Користење на мрежната услугата аудио-
видео споделување
Функцијата аудио-видео споделување користи
стандард што го олеснува процесот на гледање на
дигиталните електронски уреди и ги прави полесни
за користење на домашна мрежа.
Стандардот ви овозможува да прегледувате и
да репродуцирате фотографии, музика и видео-
снимки зачувани на серверот за медиуми поврзан
со вашата домашна мрежа.
1. Инсталација на софтверот на серверот
Опцијата за споделување аудио-видео не може
да се користи ако програмата на серверот не е
инсталирана на вашиот персонален компјутер
или ако не е инсталиран потребниот медиумски
сервер на придружниот уред. Подгответе го својот
персонален компјутер со соодветна програма за
сервер.
2. Поврзете се со жичена или со безжична
мрежа
Погледнете ги поглавјата Жичено или безжично
п о в рзу ва њ е з а д ета л н и и н ф о р м а ц и и з а
конфигурацијата.
3. Активирај Аудио-видео споделување
Влезете во менито Поставки>Систем>Повеќе
и активирајте ја опцијата Аудио-видео
споделување.
4. Репродуцирајте споделени датотеки преку
медиумскиот прелистувач
Означете ја опцијата Аудио-видео споделување
во менито Извори со помош на копчињата за
насоки и притиснете ОК. Ќе се појават на список
достапните медиумски сервери на мрежата.
Изберете еден и притиснете OK за да продолжите.
Потоа ќе се прикаже медиумскуот прелистувач.
Видете го делот за прелистувачот на медиуми за
понатамошни информации за плејбек на датотеки.
Ако настане проблем со мрежата, исклучете го
телевизорот од штекерот за струја и поврторно
вклучете го. Функцијата аудио-видео споделување
не го поддржува режимот „трик" и „скокни".
Персоналниот компјутер/HDD/софтверот за
медиуми или кои било други уреди што се
компатибилни, треба да се користат со жичена
врска за поголем квалитет на репродуцирање.
Користете LAN-врска за побрзо споделување на
датотеки помеѓу други уреди како компјутери.
Забелешка: Можно е некои персонални компјутери
да не можат да ја користат функцијата аудио-
видео споделување поради административните и
безбедносните поставки (како што се деловните
персонални компјутери).
Апликации
Можете да пристапите до апликациите инсталирани
на вашиот ТВ-уред од Почетното мени. Притиснете
го копчето Menu на далеинскиот управувач, ќе се
прикаже Почетното мени. Селектирајте апликација
и притиснете на ОК за да се отвори.
За да управувате со апликациите инсталирани на
вашиот ТВ-уред, можете да ја користите опцијата
Повеќе апликации во менито ТВ. Можете да
додадете инсталирана апликација на Почетното
мени, да ја отворите или отстраните. Означете
апликација и притиснете ОК за да ги видите сите
достапни опции.
М ож ете д а д од а д ете н о в и а п л и к а ц и и од
продавицата за апликации. За да пристапите до
продавницата, означете ја опцијата Продавница
во менито ТВ и притиснете ОК. Ќе бидат изложени
достапните апликации. Можете исто така да
пристапите до продавницата и преку менито
Повеќе апликации.
Можете да ги поставите повторно приспособувањата
по мерка на Почетното мени, вклучувајќи ги и они
поврзани со апликации, на стандарните поставки
со опцијата Повторно постави апликации во
менито ТВ (достапноста зависи од ТВ-моделот и од
неговите карактеристики). Означете ја оваа опција
и притиснете ОК. ќе се прикаже потврдна порака
Изберете ДА и притиснете ОК за да продолжите.
Имајте предвид дека нема да можете да ја
извршувате оваа операција повторно следните
неколку минути.
Забелешка::
Можните проблеми во врска со апликациите може да
бидат предизвикани од доставувачот на услугата -
содржина.
Интернет услугите од трети странки може да се
променат, да прекинат или да бидат ограничени во
секое време.
Интернет прелистувач
За да го користите интернет прелистувачот, прво
влезете во менито Почеток. Потоа лансирајте
ја апликацијата интернет прелистувач која има
потрокалово лого со симбол на Земјата.
На почетниот екран на пребарувачот, смалените
прикази на предефинираните (ако има такви) врски
до достапните веблокации ќе се прикажат како брзо
повикување заедно со опциите измени брзо вртење
и додај за брзо повикување.
За да навигирате со прелистувачот, користете ги
копчињата за насока на далечинскиот управувач.
За да ја видите лентата со опции за прелистувачот,
поместете го курсерот на врвот на страницата.
Опциите Историја, Табулатори и Обележувачи и
лентата на прелистувачот што ги содржи копчињата
претходно/следно, копчето освежи, лентата за
Македонски - 40 -