Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив.
Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените
инструкции, може да се наруши функцијата на вградените
заштитни механизми во мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ
ОВИЕ УПАТСТВА.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен
u
персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на мерниот уред.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
u
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред
создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
За време на работата на мерниот уред се слушаат гласни сигнални тонови во
u
одредени околности. Затоа држете го мерниот уред подалеку од ушите одн.
други лица. Гласниот тон може да го оштети слухот.
Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други
медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.
Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на
имплантите или медицинските уреди.
Држете го мерниот уред подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди
u
чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот може да дојде до
неповратно губење на податоците.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Ласерскиот приемник е наменет за брзо наоѓање на пулсирачки ласерски зраци.
Кој Bosch-линиски ласер одн. Bosch-точкест и линиски ласер е компатибилен со
ласерскиот приемник, може да дознаете во упатството за користење на линиски/
точкест ласер и линиски ласер.
Ласерскиот приемник е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.
Bosch Power Tools
Македонски | 179
1 609 92A 6B7 | (28.05.2021)