Hitachi 70HL7300 Manual Del Usuario página 762

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 340
Забелешка: Стандардната вредност на ПИН-бројот
може да се постави како 0000 или 1234. Ако имате избран
ПИН (се бара во зависност од изборот на земја) при
првичното инсталирање користете го ПИН-бројот
што го имате избрано.
Некои опции може да не се достапни во зависност од
моделот и/или од изборот на земјата при првата
инсталација.
Водич за електронско програмирање
Со функцијата електронски програмски водич
на вашиот ТВ-уред, може да го прегледувате
распорредот на тековно инсталираните канали на
вашиот список на канали. Зависи од конкретното
емитување дали оваа одлика е поддржана или не.
За да пристапите до програмскиот водич,
притиснете го копчето Водич на далечинскиот
управувач. Може да ја користите и опцијата Водич
во менито ТВ.
Има 2 различни вида на преглед на распоред,
Временски распоред и распоред Сега/Следно.
За да преминете од еден преглед на друг, означете
ја картичката со името на алтернативниот преглед
на горната страница на екранот и притиснете ОК.
Користете ги копчињата за насока за да се движите
низ програмската листа. Користете ги копчињата
Назад/Врати се за да ги користите опциите на
картичката на горната страна на екраност.
Распоред на времето
Во оваа опција за преглед, сите настани на
наведените канали ќе бидат прикажани според
временски распоред. Може да ги користите
копчињата за насока за да го прегледувате списокот
настани. Означете настан и притиснете ОК за да се
прикаже менито за опции за настанот.
Притиснете го копчето Назад/Врати се за да
ги користите достапните опции на картичката.
Означете ја картичката Филтер и притиснете ОК
за да ги видите сите опции за филтрирање. За
да го смените прегледот, означете Сега/Следно
и притиснете ОК. Може да ги користите опциите
Претходен ден и Следен ден за да ги прикажете
настаните од претходниот и следниот ден.
Означете ја картичката Екстра и притиснете ОК за
да пристапите до опциите дадени подолу.
Избери Жанр: Го прикажува менито Избери
жанр. Изберете жанр и притиснете ОК. Настаните
во порграмскиот водич кои одговарат на избраниот
жанр ќе бидат означени.
Пребарување на водичот: Ги прикажува
опциите за пребарување. Со овие опции
може да пребарувате низ базата на податоци
на програмскиот водич според избраните
критериуми. Соодветните резултати ќе се
прикажат на список.
Сега: Го прик ажува тековниот настан од
нагласениот канал.
Зумирај: Изберете и притиснете ОК за да ги
видите настаните за подолг период.
Распоред сега/следно
Во оваа опција за преглед, ќе бидат прикажани
само тековните и следните настани на наведените
канали. Може да ги користите копчињата за насока
за да го прегледувате списокот настани.
Притиснете го копчето Назад/Врати се за да
ги користите достапните опции на картичката.
Означете ја картичката Филтер и притиснете ОК за
да ги видите сите опции за филтрирање. За да го
смените прегледот, означете Врменски распоред
и притиснете ОК.
Опции за настаните
Користете ги копчиња за насока за да обележите
програма и притиснете ОК за да се прикаже менито
Опции. Следните опции се достапни.
Избор на канал: Со оваа опција, можете да
преминете на избраниот канал за да го гледате.
Ќе се затвори програмскиот водич.
П о ве ќ е и н фо рма ц и и : П р и к а ж и д ет а л н и
информации за избраниот настан. Користете ги
копчињата за насока Нагоре и Надолу за да се
движите низ текстот.
Наместете ја стоперката на настанот / избришете
ја стоперката на настанот: Одберете ја опцијата
Постави стоперка на настан и притиснете OK.
Можете да поставите стоперка за идни настани.
Настанот ќе се додаде на списокот со стоперки. За
да откажете некоја стоперка што е веќе подесена,
селектирајте го тој настан и притиснете на
копчето OK. Потоа селектирајте ја опцијата
избриши ја стоперката за настанот. Стоперката
ќе се откаже.
Снимај / Избриши снимка Тајмер: Одберете ја
опцијата Снимај и притиснете на копчето OK. Ако
се емитува програмата во некое идно време,
ќе биде додадена на списокот со стоперки за
снимање. Ако избраната програма се емитува во
моментот, снимањето ќе почне веднаш.
За да откажете веќе поставен споперка за снимање,
селектирајте ја таа програма и притиснете на
копчето OK и изберете ја опцијата Избриши
снимка. Стоперка. Стоперката за снимање ќе се
откаже.
ВАЖНО: Поврзете УСБ на Вашиот ТВ-уред додека
ТВ-уредот е исклучен. Тогаш треба да го вклучите ТВ-
уредот за да се појави опцијата за снимање.
Забелешки: Не можете да се префрлете на друг
канал ако има активирано стоперка на каналот што
го следите.
Не може да се постави стоперка или стоперка за
снимање за два или повеќе поединечни настани во ист
временски интервал.
Македонски - 34 -

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido