OBJ_BUCH-3036-001.book Page 188 Friday, March 24, 2017 9:58 AM
188 | Македонски
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин црвеното
светло на ласерот изгледа посветло за окото.
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските очила
служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од
ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во
сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Примери за работа (види слики D–F)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе најдете на графичките
страници.
Мерниот уред ставајте го секогаш блиску до површината или работ, коишто треба
да се проверат, и оставете го да се изнивелира пред почетокот на секое мерење.
Секогаш мерете ги растојанијата меѓу ласерскиот зрак и површината или работ
на две што е можно пооддалечени точки.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Погрижете се мерниот уред да биде постојано чист и сув, за да може добро и
безбедно да работите.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за
чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа
внимавајте на влакненцата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен
цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате
прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го
10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
1 609 92A 3LG | (24.3.17)
Bosch Power Tools