ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Хауба за сечење
Дијамантен диск за сечење-ø
Длабочина на сечење мин. (ø 115 / ø 125 mm)
Длабочина на сечење макс. (ø 115 / ø 125 mm)
Тежина
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ве молиме исто така да обратите во секој случај
внимание на упатството за употреба на приклучената
аголна брусилица. Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции.
Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и
инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/
или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Хаубата за сечење е наменета за брусење заради сечење на
камени и керамички материјали со дијамантни дискови за
сечење.
Хаубата за сечење е наменета исклучиво за употреба во сува
обработка.
Хаубата за сечење смее да се употребува исклучиво со
следните наведени аголни брусилици: Milwaukee AG 12-115 X,
AGV 15-125 XC, AG 12-125 X, AGV 15-125 XE, AGV 12-125 X, AGV
12-125 XPD
Хаубата за сечење смее да се употребува исклучиво во
комбинација со соодветна правосмукалка.
СИГУРНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА БРУСИЛКА ЗА СЕЧЕЊЕ
Заеднички безбедносни напомени за брусење заради
сечење со дијамантски диск за сечење:
a) Ова електро-орудие е наменето да се употребува
како машина-брусилица за сечење. Почитувајте ги сите
безбедносни упатства, упатства за работа, прикази и
податоци што ги добивате заедно со електричниот алат.
Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до
електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.
b) Ова електро-орудие не е наменето за полирање,
брусење, брусење со шмиргла и челични четки.
Секакви употреби, за кои овој алат не е предвиден, можат да
предизвикаат загрозувања и повреди.
c) Хаубата за сечење мора да биде безбедно нанесена
и подесена така што ќе се постигне максимално ниво
на безбедност односно најмалиот мо ен дел на
дијамантскиот диск за сечење отворено пока ува
према корисникот. Хаубата за сечење треба да го заштити
корисникот од парчиња кои што ќе се откршат при работењето
и од случаен контакт со дијамантскиот диск за сечење.
d) За Вашето електро-орудие употребувајте исклучиво
дијамантни дискови за сечење.
e) Дозволениот број на врте и на дијамантната плоча
за сечење мора да биде барем толку висок како што
е максималниот број на врте и наведен на електро-
орудието. Дијамантни дискови за сечење кои што се вртат
побргу отколку што е тоа дозволено, можат да се скршат и да
летаат наоколу.
f) Дијамантните плочи за сечење смеат да се
употребуваат исклучиво за препорачаната намена. На
пример: Никогаш не брусете со страничната површина
на дијамантниот диск за сечење. Дијамантните дискови
за сечење се наменети за отстранување на материјал со работ
на плочата. Дејството на странична сила врз овие дијамантни
дискови за сечење може да ги скрши истите.
g) Секогаш употребувајте за дијамантните дискови
за сечење што сте ги одбрале неоштетени фланши за
стегање, со исправна големина и форма. Соодветните
фланши го заштитуваат дијамантниот диск за сечење и на тој
начин ја намалуваат опасноста од кршење на дијамантниот
диск за сечење.
h) Надворешниот дијаметар и дијамантниот диск
за сечење мора да соодветствуваат со податоците
за димензиите на вашето електро-оруди. Погрешно
измерени дијамантни плочи за сечење не можат да бидат
соодветно заштитени или контролирани.
i) Дијамантните дискови за сечење мора прецизно да
одговараат на вретеното за брусење на Вашето електро-
орудие. Дијамантните плочи за сечење што не одговараат
прецизно на вретеното за брусење на Вашето електро-орудие,
се вртат нерамномерно, вибрираат мошне јако и можат да
доведат до губење на контролата.
j) Не употребувајте оштетени дијамантни дискови за
сечење. Пред секоја употреба извршете контрола врз
дијамантните дискови за сечење во однос на расцепи
и пукнатини, изабеност или голема искористеност. Ако
електро-орудието или дијамантниот диск за сечење
паднат, проверете дали истите се оштетени или
употребете неоштетена дијамантна плоча за сечење.
Откако ја имате контролирано и поставено дијамантната
плоча за сечење, Вие и лицата, кои што се наоѓаат во
близина, треба да бидете вон дометот на ротирачкиот
дијамантен диск за сечење и оставете го дијамантниот
диск за сечење да работи една минута со максимален број
на врте и. Оштетени дијамантни плочи за сечење најчесто се
кршат за време на во овој тест-период.
k) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита,
заштита за очите или заштитни очила. Доколку е
потребно, носете маска за заштита од прашина,
заштита за ушите, заштитни ракавици или специјална
престилка, со која се заштитувате од ситни честички од
шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат
заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои
настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина
и за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава
при работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна
бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
DEC 125
115 / 125 mm
0 / 5 mm
23 / 28 mm
620 g
Македонски
79 79
Mak