OBJ_BUCH-2940-001.book Page 109 Tuesday, August 16, 2016 10:32 AM
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Останати напомени за безбедност и
работење
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за вклучување/исклучување ставете го во
исклучена позиција. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата
употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
Активирајте го прекинувачот за менување брзини
само кога електричниот апарат е во мирување.
Доколку прекинувачот за избор на брзини не може
да се вметне до крај, свртете ја малку главата за
дупчење.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Приказот за наполнетост на батеријата при наполу
или целосно притиснат прекинувач за вклучување/
исклучување неколку секунди ја прикажува
состојбата на наполнетост на батеријата и се состои
од тробојно LED светло.
Bosch Power Tools
ЛЕД светло
Трајно зелено светло
Трајно портокалово светло
Трајно црвено светло
Трепкаво црвено светло
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
EasyDrill 12-2: Батериска дупчалка-
одвртувач
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат извадете ја
батеријата
Правец на движење
Правец на реакција
Тек десно/лево
Дупчење
Мал број на вртежи
Голем број на вртежи
Вклучување
Исклучување
Македонски | 109
Капацитет
≥ 66%
33–66%
11–33%
≤ 11%
1 609 92A 32K | (16.8.16)