Содржина
Вградување.....................................................27
Одмрзнување..................................................31
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги приложените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
Безбедност на деца и ранливи лица
• Овој апарат можат да го користат деца над 8 години
и лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
• Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
• Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
24
MK