Bosch Professional GHG 20-60 Manual Original página 96

Ocultar thumbs Ver también para Professional GHG 20-60:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 18
96 | Македонски
Совети при работењето
Пред каква било интервенција на дувалката за
u
топол воздух, извлечете го струјниот приклучок од
приклучницата.
Напомена: Не доближувајте ја млазницата (3) премногу
блиску до алатот што треба да се обработи. Блокирањето
на воздухот може да доведе до прегревање на дувалката
за топол воздух.
Вадење на топлотната заштита
За работење на особено тесни места може да ја извадите
топлотната заштита (4) со свртување.
Внимавајте со врелата млазница! При работење со
u
топлотна заштита постои зголемена опасност од
пожар.
За вадење одн. ставање на заштитата за топлина (4)
исклучете ја дувалката и оставете ја да се излади.
За побрзо ладење можете да ја оставите дувалката за
топол воздух кратко да работи со најниско поставена
температура.
Исклучување на дувалката за топол воздух
Поставете ја дувалката за топол воздух на работна
површина (1) за да се излади или за да ви се слободни
двете раце за работа.
Работете особено внимателно со оставената
u
дувалка за топол воздух! Можете да се изгорите на
жешките млазници или на жешкиот проток на воздух.
Поставете ја дувалката за топол воздух на рамна стабилна
површина. Бидете сигурни дека не може да се преврти.
Осигурете го кабелот надвор од вашиот работен простор
така што дувалката за топол воздух нема да може да го
преврти или повлече надолу.
При подолго некористење исклучете ја дувалката и
извадете го струјниот приклучок.
Примери за работа (види слики A–G)
Слики со примери за работењето може да најдете на
графичките страници.
Растојанието на млазниците до делот што се обработува
зависи од материјалот што се обработува (метал,
пластика итн.) и наменетиот вид на обработка.
Оптималната температура за односната примена може да
се одреди со практичен обид.
Секогаш прво направете тест на количината на воздух и
температурата. Секогаш започнувајте со поголемо
растојание и понизок степен на јачина. По потреба
прилагодете го растојанието и степенот на јачина.
Доколку не сте сигурни каков материјал обработувате
или какво е влијанието на топлиот воздух врз
материјалот, тогаш тестирајте го влијанието на покриено
место.
Во сите примери за работа, освен „Отстранување на боја
од рамка на прозорец" можете да работите без опрема.
Сепак користењето на предложените делови опрема ја
поедноставува работата и го зголемува квалитетот на
резултатот.
1 609 92A 73E | (13.12.2021)
За оваа дувалка за топол воздух можете да ги користите
сите млазници, коишто се достапни кај Bosch како
опрема.
Внимание при промена на млазниците! Не ја
u
допирајте врелата млазница. Оставете ја дувалката
да се олади и носете ракавици при промената.
Можете да се изгорите на жешките млазници.
За побрзо ладење можете да ја оставите дувалката за
топол воздух кратко да работи со најниско поставена
температура.
Отстранување на лак/вадење на лепак (види слика A)
Поставете ја плоснатата млазница (6) (опрема).
Омекнете го кратко лакот со топол воздух и подигнете го
со чиста шпатула. Долгото затоплување ќе го изгори
лакот и ќе го отежни отстранувањето.
Повеќето средства за лепење омекнуваат од топлината.
Кога лепакот е загреан може да ги одвоите споевите или
да го отстраните вишокот лепак.
Отстранување на лак од рамки на прозорци
(види слика B)
Неопходно е да користите млазница за заштита на
u
стаклото (7) (опрема). Постои опасност од кршење
на стаклото.
На профилираните површини може да го подигнете лакот
со соодветна шпатула и да го исчеткате со мека жичана
четка.
Одмрзнување на водоводи (види слика C)
Пред загревањето проверете, дали всушност се
u
работи за водовод. Водоводите честопати не може да
се разликуваат од гасоводите по надворешниот
изглед. Гасоводите не смеат да се загреваат во никој
случај.
Поставете ја аголната млазница (8) (опрема).
Замрзнатите места секогаш загревајте ги по можност во
правец од одводот кон доводот.
Пластичните цевки и споевите помеѓу деловите од
цевката треба да се загреваат со особена претпазливост,
за да се избегнат оштетувања.
Преобликување на пластични цевки (види слика D)
Поставете рефлекторската млазница (9) (опрема).
Наполнете ги пластичните цевки со песок и затворете ги
од двете страни, за да спречите прекршување на цевката.
Внимателно и рамномерно затоплувајте ја цевката со
странични движења од сите страни.
Заварување на пластика (види слика E)
Поставете ја редуцирната млазница (12) и папучата за
заварување (11) (двете од опремата). Делот што ќе се
заварува и жицата за заварување (10) (опрема) мора да
бидат од ист материјал (на пр. двете од PVC). Работ на
заварување мора да биде чист и немасен.
Затоплувајте го местото на заварување, сè додека не
стане тестесто. Внимавајте на тоа дека границата на
температура помеѓу тестеста и течна состојба на
пластиката е многу мала.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Ghg 20-60 professional

Tabla de contenido