Milwaukee AS 12 E Manual Original página 45

Ocultar thumbs Ver también para AS 12 E:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 13
мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се
разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен
прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од
директниот делокруг на работа.
ѕ) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини
за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот
може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот
кабел за напојување со струја. Контактот со водови што
спроведуваат напон, става и метални делови од електро-
апаратот под напон и доведува до електричен удар.
и) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана од
прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата над
електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се
исече или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да
бидат повлечени во приборот што се врти.
ј) Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не
постигне состојба на комплетно мирување. Електро-алатот
што се врти може да дојде во контакт со површината, на
којашто се остава, а на тој начин можете да ја изгубите
контролата над електро-алатот.
к) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе
во вашето тело.
л) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да
предизвика електрични опасности.
љ) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
м) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење. Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти, како
на диск за брусење, подножје за брусење, четка со жица итн.
Заглавувањето или блокирањето доведува до неодложно
стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин
неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна
насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во
материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот
или настрана од него, зависно од насоката на вртење на
дискот во точката на спојување.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
а) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето
тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да
дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш
употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да
можете да имате максимална можна контрола над силите
од повратниот удар или на моментите на реакција при
пуштање во работа. Операторот може да ги контролира
силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
б) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на
прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот
може да биде исфрлен врз вашата рака.
в) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое
електро-алатот се движи во случај на повратен удар.
Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока
од насоката на движење на дискот за брусење на местото за
спојување.
88
МАКЕДОНСКИ
г) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од
и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри
рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон
кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или
повратен удар.
д) Не употребувајте ланчан диск или забест диск за
сечење. Таквиот прибор честопати предизвикува повратен
удар или губење на контролата над електро-алатот.
AS 12 E:
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија
за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по
однос на големината на листот за мазнење. Листови за
шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат
да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на
листовите или да доведат до повратен удар.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Секогаш користете ја помошната рачка.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
Секогаш користете ги и чувајте ги глодачките дискови согласно
препораките на производителот.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина
(зона на искрење). Не користете издув за прав.
Треба да се поведе соодветна грижа за искрите или честичките
од камена прашина кои летаат од обработуваното парче да не
дојдат во контакт со вас.
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се почне
со работа со машината.
Парчето кое се обработува мора да се прицврсти доколку не е
доволно тешко за да биде стабилно. Никогаш не го насочувајте
работното парче кон глодачкиот диск со рака.
При екстремни услови (пр: фино глодање метали со вретено
или глодачко тркало со вулканизирани влакна), значително
загадување може да се насобере одвнатре на аголната
глодалка. Од безбедносни причини, во вакви услови,
внатрешноста мора да биде комплетно исчистена од метални
остатоци а прекинувачот на колото на моторот мора да биде
сериски поврзан. Доколку прекинувачот на колото на моторот
ја расипе машината мора да биде пратена.
За алатите кои се наменати за опремување со шилесто тркало
за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е доволно
долга за да ја прифати должината на вретеното.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
AP 12 E: Полирката може да биде употребена за полирање
лакирани, заштитени, пластични и други мазни површини.
AS 12 E: Шмирглачката моше да се користи за шмирглање
дрво, пластика и метал.Не го користете овој производ на било
кој друг начин освен пропишаниот за нормална употреба.
ОГРАНИЧУВАЧ НА СТАРТНАТА СТРУЈА-КОЛО +
МАЗЕН СТАРТ
Стартната струја за машината е неколку пати повисока
просечната струја. Ограничувачот на стартната струја
произведува почетна струја до таква мера што осигурувачот
(16А, спор-...) не се вклучува.
Електронски контролиран мазен старт за безбедно користење
кој штити од почетното нагло задвижување на машината.
ЕЛЕКТРОНИКА
Брзината на ротацијата при зголемување на оптоварувањето
електронски се прилагодува.
Во случај на подолго преоптоварување брзината се намалува
електронски. Машината продолжува да работи полека за да ги
олади намотките на моторот. По исклучување и повторно
вклучување машината може да се користи со зголемено
оптоварување.
ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ
Нултиот прекинувач на напонот спречува повторно
стартување на машината при дефект на напојувањето.
При повторно стартување, исклучете ја машината, па
потоа вклучете ја.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
O своја сопствена одговорност изјавуваме дека под „Технички
податоци„ опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2006/42/EC,
2004/108/EC (до 19 април 2016), 2014/30/EU (аб 20 април
2016) и следните хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-3:2011+A2:2013+A11:2014+A12:2014+A13:2015
EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011
EN 55014-2:1997+A1:2001+A2:2008
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN 50581:2012
Winnenden, 2016-02-08
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот
напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување
на приклучок без заземјување доколку изведбата
соодветствува на безбедност од 2 класа.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз
машината исклучете го кабелот од
струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината
носете ракавици.
Носете ракавици!
Не употребувајте сила.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се
фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати
треба да се собираат одделно и да се
однесат во соодветниот погон заради
нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната
категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од
електричен удар не зависи само од
основната изолација туку и од тоа дали ќе
се применат дополнителните заштитни
мерки како што се двоструките изолации
или појачаната изолација.
Не постои никаква направа за
приклучување на некој заштитен вод.
СЕ-знак
Regulatory Compliance Mark (RCM).
Производот ги исполнува важечките
прописи.
Национален конформитетски знак за
Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на
конформитет.
МАКЕДОНСКИ
89

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Ap 12 e

Tabla de contenido