354 | Македонски
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна
чанта.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење
или раствори.
Особено одржувајте ја чиста приемната леќа (15) со истата грижа, со која треба да се
одржуваат очила или леќи на фотоапарат.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта (18).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања
за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-
цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
1 609 92A 6XT | (03.09.2021)
Bosch Power Tools