g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА СТОЛНА
БРУСИЛКА
•
Не користете оштетена дополнителна опрема;
проверете ја дополнителната опрема пред секоја
употреба за да утврдите дали абразивните
тркала содржат парчиња и пукнатини; по
проверката и поставувањето на дополнителната
опрема, поставете се подалеку од опсегот
на ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина
да работи една минута без оптоварување
(оштетената дополнителна опрема обично ќе се
откачи во текот на овој период за проверка)
•
Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот (дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи)
•
Никогаш не мелете на страните на тркало за
мелење (мелењето на страна може да предизвика
тркалото да се скрши и делови да летнат)
ДОПОЛНИТЕЛНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ
•
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
•
Никогаш не користете го алатот кога кабелот е
оштетен; тој мора да се замени со специјално
подготвен кабел достапен преку организацијата на
услуги.
•
Поврзете го овој алата со заземјување само
во соодветен заземјен систем за напојување;
проверете дали штекерот и продолжниот кабел
имаат функционален заштитен спроводник
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
•
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
•
Повремено проверете го продолжниот кабел и во
случај на оштетување заменете го
•
Користете ги исклучиво рабовите кои сте ги добиле
со овој алат
•
Секогаш користете го алатот со тркала за мелење на
двете вретена
•
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
•
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
•
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
•
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
•
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
•
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
•
Секогаш користете го алатот со тркала за мелење на
двете вретена
•
Не користете оштетена дополнителна опрема;
проверете ја дополнителната опрема пред секоја
употреба за да утврдите дали абразивните
тркала содржат парчиња и пукнатини; по
проверката и поставувањето на дополнителната
опрема, поставете се подалеку од опсегот
на ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина
да работи една минута без оптоварување
(оштетената дополнителна опрема обично ќе се
откачи во текот на овој период за проверка)
•
Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот (дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи)
•
Никогаш не мелете на страните на тркало за
мелење (мелењето на страна може да предизвика
тркалото да се скрши и делови да летнат)
•
Користете само тркала за мелење со минимален и
максимален дијаметар од 150 mm
Заменете го тркалото за брусење ако е изабено,
•
оштетено или со длабоки жлебови
•
Внимателно ракувајте и чувајте приборот
ПРЕД УПОТРЕБА
•
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
•
Секогаш поставувајте ја заштитата од искри A 2 и
потпората за алатот C 2 ; никогаш не користете го
алатот без нив
•
Пред употреба, проверете дали тркалата за брусење
не се оштетени, дали се правилно поставени и се
движат слободно
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Носете заштитни ракавици и заштитни очила
•
•
Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
•
Сите што влегуваат во работниот простор треба
да носат лична заштитна опрема (честичките од
материјалот што се обработува или од расипаната
опрема се разлетуваат и предизвикуваат повреди
подалеку од непосредната област за работа)
•
При брусење на метал доаѓа до искричење;
99