Одобрена за:
Cybex Sirona Z Line | Cybex Sirona Zi Line
Cybex Sirona S Line | CybexSirona M Line
gb Vaya Line
Почитувани потрошувачи, ви благодариме што ја
купивте спојницата SENSORSAFE. Овој производ е
изработен со специјално следење на квалитетот и се
усогласува со најстрогите безбедносни барања.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
•
Следните кратки упатства се наменети само
да дадат краток преглед. За да постигнете
максимална безбедност и удобност за вашето
дете, неопходно е да го прочитате внимателно
целосното упатство за корисник на седиштето
за автомобил.
•
SENSORSAFE не може да се употребува со
други седишта што не се споменати во списокот.
Примената со други производи може да доведе
до сериозна опасност за вашето дете.
•
Неопходно е да го користите и инсталирате
SENSORSAFE во согласност со упатствата
дадени во овој прирачник. Треба особено да
внимавате на правилното поставување на
спојницата!
•
SENSORSAFE е систем за следење што се
прицврстува на седиштето за автомобил и се
поврзува со вашиот паметен телефон преку
функцијата Bluetooth (Bluetooth од класа 2).
Спојницата ќе ве предупреди ако детето се наоѓа
во небезбедни ситуации. Системот се состои од
следните две компоненти:
1. паметна спојница за гради: на пр. ја мери
амбиенталната температура, дали спојницата е
отворена или затворена
2. паметен телефон: SENSORSAFE работи само
со апликацијата SENSORSAFE, достапна во
Apple App Store или Google Play Store (1).
•
Дури и кога се употребува правилно и
во согласност со неговата наменска цел,
SENSORSAFE служи само како дополнителен
систем за поддршка на безбедноста.
Функционалноста зависи од неколку фактори и
не може да се гарантира. Крајната одговорност за
безбедноста на детето ја имаат родителите или
старателите. SENSORSAFE не претставува каков
било настан за заобиколување или ублажување
на законските должности на родителот, ниту пак
претставува нивна замена.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Целосната функција на
SENSORSAFE се заснова врз комуникацијата
со паметниот телефон. Секогаш носете го со
вас и активирајте ги сите функции на паметниот
телефон што се потребни за SENSORSAFE.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Никогаш не оставајте го
детето во автомобилот без надзор.
•
Пластичната амбалажа секогаш треба да
се наоѓа надвор од дофат на детето: постои
опасност од задушување!
•
Употребените електронски уреди не треба да се
фрлаат во комуналниот отпад.
Прирачникот со упатства секогаш треба да ви
биде при рака, во близина на седиштето за
автомобил.
ИНСТАЛАЦИЈА И ДЕИНСТАЛАЦИЈА
Спојницата SENSORSAFE треба да се постави на
системот на сигурносни каиши на седиштето. Двата
дела на спојницата имаат процепи за поврзување со
системот на сигурносни каиши.
За инсталација на двата дела, следете ги следните
чекори:
• фатете го сигурносниот каиш под подлошките за
рамо и водете го одназад нанапред низ горниот
процеп на спојницата (2).
• Водете го сигурносниот каиш зад спојницата и
внесете го од назад нанапред во долниот процеп.
Обезбедете дека сигурносниот каиш минува
во права линија низ двата процепи и дека не е
превиткан (3). За да ја деинсталирате спојницата,
турнете го сигурносниот каиш и извадете го од
процепите.
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО СО СИГУРНОСЕН
КАИШ И СПОЈНИЦА
Приспособете го седиштето во согласност со
упатството за корисник на седиштето. Врзете го
детето како што е опишано во упатството за корисник
на седиштето (погледнете го поглавјето: „ВРЗУВАЊЕ
СО СИСТЕМОТ НА СИГУРНОСНИ КАИШИ") Откако
ќе ја затворите закопчувалката, продолжете со
следните дополнителни чекори:
• затворете ја спојницата сè додека не го слушнете
карактеристичниот звук (4).
• Најпрво турнете ја затворената спојница надолу
во правец на закопчувалката.
• Влечете го внимателно централниот каиш за
прилагодување за да ги затегнете каишите за
рамо соодветно на детското тело (5).
• Поставете ја спојницата директно под
подлошките за рамо (6).
Бидете сигурни дека системот со сигурносни
каиши е добро прицврстен и дека каишите не
се превиткани. За да ја отворите спојницата,
притиснете го средното копче и одвојте ги двата
дела (7).
АПЛИКАЦИЈА SENSORSAFE
Преземање и поставување
Апликацијата SENSORSAFE може да се преземе
бесплатно од Apple App Store или од Google Play
Store. За да ја користите спојницата SENSORSAFE
поврзана со апликацијата SENSORSAFE погрижете
се:
• апликацијата да биде инсталирана на паметниот
телефон,
• да биде вклучена функцијата Bluetooth,
• спојницата да биде затворена и паметниот
телефон да биде поврзан со неа,
• апликацијата SENSORSAFE да има дозвола да
праќа известувања и јачината на звук да биде
вклучена (режимот „Не вознемирувај" да биде
деактивиран).
Пред првата употреба
Пред да ја употребите SENSORSAFE првпат,
спојницата мора да се регистрира на вашата сметка
на паметниот телефон. Во иднина системот ќе се
активира автоматски кога спојницата е затворена
MK
MK
91