276 | Македонски
четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во
облека и/или кожа.
Ако се препорачува користење на заштита за
u
жичано четкање, не дозволувајте попречување
меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во
дијаметар заради работното оптоварување и
центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.
Заштитниот капак не смее да се користи
за исклучување. Со соодветен додаток,
заштитниот капак може да се користи и за
исклучување.
При работата, држете го електричниот
алат цврсто со двете дланки и застанете
во сигурна положба. Со електричниот алат
посигурно ќе управувате ако го држите со
двете дланки.
Кај алати за вметнување со внатрешни навои, како
u
што се четки и дијамантски-крунести бургии, мора
да се почитува максималната должина на навојот
на вретеното за брусење. Крајот на вретеното не
смее да го допира дното на алатот за вметнување.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
u
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Складирајте ги алатите за вметнување во објекти
u
односно во простории кои се суви, со соодветна
температура и без опасност од замрзнување.
Пред транспорт на уредот отстранете ги алатите за
u
вметнување. На овој начин ќе избегнете оштетување.
1 609 92A 7AL | (30.03.2022)
Поврзаните дискови за брусење и сечење имаат
u
датум на истекување, по кој дисковите не смеат да
се користат.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на
метал, камен, пластика и композитен материјал, за грубо
брусење на метал, пластика и композитен материјал како
и за дупчење во камени материјали со дијамантска
крунеста бургија без употреба на вода. Притоа,
осигурајте се дека користите правилна заштитна хауба
(види „Употреба", Страница 282).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Електричниот алат не смее да се користи за брусење
камени материјали со дијамантска лончеста плоча.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Лост за отклучување на заштитниот капак
(2) Копче за блокирање на вретеното
(3) Прекинувач за вклучување/исклучување
(4) Копче за контрола на бројот на вртежи
(GWS 15-125 CIEP)
(5) Рачка за ослободување за прекинувачот за
вклучување/исклучување
(6) Стандардна-дополнителна рачка (изолирана
површина на рачката) (GWS 11-125 P)
(7) Капак за всисување за брусење
(8) Заштитен капак за брусење
(9) Заштитен капак за сечење
(10) Приклучна прирабница со O-прстен
(11) Лончеста плоча од тврд метал
a)
(12) Брусна плоча
a)
(13) Диск за сечење
(14) Клуч со два отвори за затезната навртка
(15) Затезна навртка
(16) Брзозатезна навртка
a)
a)
a)
a)
a)
Bosch Power Tools