сечилото во засекот, така да запците на сечилото не
се навлезени во материјалот. Доколку сечилото се
витка, може да отскокне од делот што се обработува и
да предизвика одбивање кога се рестартира пилата.
Сечилата одржувајте ги чисти, остри и во добра
u
состојба. Никогаш не користете искривени сечила,
или сечила со пукнати или скршени запци. Остри и
правилно поставени сечила го намалуваат виткањето,
откажувањето или одбивањето.
Предупредувања во врска со работата на столната
пила
Исклучете ја столната пила и извадете го кабелот
u
од струја при вадење на влошката од работната
површина, промена на сечилото или, при
прилагодување на ножот за раздвојување или
граничникот на сечилото и кога машината е
оставена без придружба. Со мерките на
претпазливост ќе се избегнат несреќи.
Никогаш не ја оставајте столната пила да работи
u
без придружба. Исклучете го и не го оставајте
алатот додека целосно не прекине со работа. Пила
која работи без придружба е неконтролирана
опасност.
Столната пила поставете ја на добро осветлено
u
место и нивелирана површина, каде може добро и
рамномерно да се постави. Треба да се инсталира
на место, со доволно простор за лесна обработка на
делот што се обработува. Ограничен темен простор и
ненивелирани лизгави подови предизвикуваат
несреќи.
Често чистете и отстранувајте ги струготините под
u
работната површина, и/или од садот за собирање
прав. Насобраните струготини се запаливи и може да
се запалат самите.
Столната пила мора да биде обезбедена. Недоволно
u
обезбедена столна пила може да се придвижи и
преврти.
Отстранете ги алатите, дрвените отпадоци и др. од
u
работната површина пред вклучување на столната
пила. Одвлекување на вниманието или потенцијална
гужва може да бидат опасни.
Секогаш користете сечила со точна големина и
u
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за
монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што
ќе предизвика губење на контрола.
Никогаш не користете оштетени или неправилни
u
средства за монтирање на сечилото, како на пр.
прирабници, дихтунзи, гвинтови или завртки. Овие
средства за монтирање се специјално дизајнирани за
вашата пила, за безбедно и оптимално работење.
Никогаш не застанувајте на столната пила, не ја
u
користете за качување. Може да настане сериозна
повреда доколку го допрете или случајно стапите во
контакт со алатот за сечење.
Bosch Power Tools
Проверете дали сечилото е инсталирано за да
u
ротира во правилна насока. Не користете брусни
дискови, жичени четки или абразивни дискови на
столната пила. Неправилно инсталирање на сечилото
или користење на дополнителна опрема што не се
препорачува може да предизвика сериозна повреда.
Дополнителни безбедносни напомени
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
u
ракавици. Постои опасност од повреда.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Никогаш не го користете електричниот алат без дел
u
за вметнување. Променете го дефектниот дел за
вметнување. Без соодветен дел за вметнување може
да се повредите на сечилото за пила.
Одржувајте ја чистотата на работното место.
u
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
За материјалот, кој што сакате да го обработите,
u
изберете го соодветниот лист на пилата.
Користете само листови на пила, што се
u
препорачани од производителот на овој
електричен алат и се погодни за материјалот што
сакате да го обработувате.
Вметнете го делот што се обработува само кога се
u
врти листот на пилата. Инаку постои опасност од
повратен удар, доколку листот на пилата се заглави во
делот што се обработува.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот алат. Доколку дојдете
во контакт со сечилото за пила постои
опасност од повреда.
Носете заштитни очила.
Македонски | 363
1 609 92A 7WN | (14.06.2022)