Descargar Imprimir esta página

Начини На Работа - Bosch GCL 25 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCL 25 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 23
Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените во кое било време:
– Режим на вкрстени линии и точкаст режим: Мерниот
уред емитира една хоризонтална и една вертикална
ласерска линија нанапред, како и по еден вертикален
точкаст зрак нагоре и надолу и по еден хоризонтален
точкаст зрак нанапред и од двете страни.
– Режим со 5 точки: Мерниот уред емитира по еден
вертикален точкаст зрак нагоре и надолу, како и по
еден хоризонтален точкаст зрак нанапред и од двете
страни.
– Хоризонтален линиски режим: Мерниот уред
произведува хоризонтална ласерска линија нанапред.
– Вертикален линиски режим: Мерниот уред емитира
една вертикална ласерска линија нанапред.
Сите точкасти зраци поминуваат еден кон друг под агол
од 90°, а ласерските линии исто така се вкрстуваат под
агол од 90°.
По вклучувањето мерниот уред се наоѓа во режим на
вкрстени линии и точкаст режим. За да го смените
начинот на работа, притиснете на копчето за режим на
работа на ласерот (2).
Сите начини на работа може да се изберат со автоматика
за нивелирање како и со осцилаторна блокада.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
(види слики A–C)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на универзалниот држач (14)
или на стативот (15).
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во
позиција „
On".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање  од ±4°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските точки одн.
линии не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи површината на која е поставен мерниот уред
отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерските
зраци почнуваат да трепкаат. Во период од 10 s по
вклучувањето овој аларм се деактивира, за да овозможи
подесување на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во
полето на самонивелирање од ±4°, ласерските линии
светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на
референтните точки, за да се избегнат грешките при
поместување.
Bosch Power Tools
Работење со осцилаторна блокада (види слика D)
За работење со осцилаторна блокада, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во
позиција „  On". Ласерските зраци трепкаат постојано.
При работа со осцилаторна блокада автоматиката за
нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го
држите слободно во рака или да го поставите на навалена
подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не
мора да се вертикално една кон друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив
за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината
што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате
го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Доколку точноста на хоризонталните точкасти зраци е во
границите на максимално дозволеното отстапување, со
тоа е потврдена точноста на вертикалните точкасти зраци
и ласерски линии.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на должинската оска
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
20 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
држач (14) одн. на статив или поставете го на цврста
рамна подлога. Вклучете го мерниот уред и изберете
режим со 5 точки со автоматика за нивелирање.
A
20 m
– Насочете го хоризонталниот ласерски зрак, кој
поминува паралелно на должинската оска на мерниот
уред, на блискиот ѕид A. Оставете го мерниот уред да
се изнивелира. Означете ја средината на ласерската
точка на ѕидот (точка Ⅰ).
Македонски | 129
B
1 609 92A 7SD | (25.07.2022)

Publicidad

loading