Употреба
Отстранете ја акумулаторската батерија од
u
вентилаторот пред работењето на вентилаторот
(на пр. монтажа, чистење итн.) и при негов
транспорт и складирање. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Вклучување/исклучување (види слика A)
За да го вклучите вентилаторот, свртете го контролното
копче (2) во насока на стрелките на часовникот (во
насока на вртење ➊).
За да го исклучите вентилаторот, свртете го контролното
копче (2) во насока спротивна од стрелките на
часовникот (во правец на вртење ➋) додека не слушнете
да кликне.
Промена на брзината на вентилаторот (види
слика A)
За да го зголемите бројот на вртежи на вентилаторот,
вртете го контролното копче во насока на стрелките на
часовникот (во правец на вртење ➊).
За да го намалите бројот на вртежи на вентилаторот,
вртете го контролното копче во насока спротивна на
стрелките на часовникот (во правец на вртење ➋).
Израмнување на главата на вентилаторот
(види слика B)
За да го израмните вентилаторот, фатете го вентилаторот
за рачката за носење (3) и навалете ја главата на
вентилаторот (4) кон напред или назад.
Главата на вентилаторот може да се навалува до 30°
напред и до 150° наназад.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
вентилаторот. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува вентилаторот, додека не се
врати во оптималните граници на температура.
Опции за прицврстување
Користете ја рачката за носење (3), за да го држите
вентилаторот или да го позиционирате.
Вашиот вентилатор нуди неколку опции за закачување и
монтирање. Изберете ја опцијата што најмногу одговара
на вашата локација.
Закачување на вентилаторот
Напомена: вентилаторот може да виси во вертикална
или хоризонтална положба. Внимавајте да го закачите
вентилаторот на таков начин што работата на
вентилаторот нема да биде попречена.
Bosch Power Tools
Закачување на клучалката (види слика C)
Поставете го широкиот дел од клучалката (8) над главата
за завртување (Ø 4–6 mm).
Притискајте го вентилаторот надолу додека завртката не
се најде во тесниот дел од клучалката и вентилаторот не е
прицврстен.
Закачување на куките за закачување (види слика D)
Извлечете ги куките за закачување (5) целосно од
нивните процепи.
По потреба свртете ги куките за закачување.
Напомена: куките за закачување може да се ротираат
само кога се целосно издолжени.
Закачете го вентилаторот на стабилно место (макс.
длабочина 36 mm).
Монтирање на вентилаторот
Монтирање на прачки со помош на држачите за шипки
(види слика F)
Вентилаторот може да се прицврсти со помош на двата
држачи за прачки (10) на прачките (макс. Ø 22 mm).
Позиционирајте ги држачите за прачки (10) над прачките
и притиснете го вентилаторот на прачките.
Монтирање на статив со помош на навој за статив
(види слика G)
Напомена за користење на стативот
Користете го монтираниот вентилатор само во исправена
позиција на стативот.
Прилагодете ги ногарките на стативот така што стативот
да има стабилно држење, а средишниот столб да биде
вертикален.
Користете статив со капацитет од повеќе од 3 kg.
Монтирање на вентилаторот на стативот
Позиционирајте го држачот за статив на вентилаторот (9)
над завртките за прицврстување на стативот (1/4") и
ставете го вентилаторот на завртката за прицврстување.
Напомена: внимавајте на тоа држачот на стативот на
вентилаторот (9) целосно да биде поставен на завртката
за прицврстување.
Свртете го вентилаторот во насока на стрелките на
часовникот до крај, за да го прицврстите вентилаторот на
стативот.
Монтирање со помош на столарска стега (види
слика H)
Монтирајте го вентилаторот со столарски стеги, со
прицврстување на столарските стеги на површините за
затегнување (11).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Отстранете ја акумулаторската батерија од
u
вентилаторот пред работењето на вентилаторот
(на пр. монтажа, чистење итн.) и при негов
Македонски | 101
1 609 92A 87R | (16.08.2022)