ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Пред употреба на алатот проверете дали ножевите
не се допираат никаде
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Користете стегачи или друг практичен начин за
да го обезбедите и потпрете парчето за работа
на стабилна платформа (парчето за работа е
нестабилно ако го држите парчето со рака или
потпрено на телото со што може да ја загубите
контролата)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Држете го алатот под напон за изолираните
површини на држење бидејќи сечивото може да
го пресече кабелот (ако се пресече жица под напон,
металните делови на алатот се исто така под напон и
може да предизвикаат електричен шок за работникот)
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Прстите држете ги подалеку од ротирачките ножеви
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Ако дојде до заглавување на некое парченце дрво во
чип аутлетот, исклучете го моторот, проверете дали
сите подвижни делови се во мирување, исклучете го
приклучникот и отстранете го заглавеното парченце
ПО УПОТРЕБА
• Причекајте делот за сечење да сопре пред да го
одложите алатот (отворениот нож може да ја
зафати површината и да доведе до губење на
контролата и сериозна повреда)
УПОТРЕБА
• Менување/обратно местење на ножевите 4
Овој струг е опремен со издржливи ножеви со
острици од двете страни, така што кога една страна
ќе се истапи, може да се употреби другата страна
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- отстранете ги уредите за водење, ако се вградени
- земете го клучот за одвртување од лежиштето A
- свртете го алатот наопаку
- олабавете 3 навртки B со клучот (не ги вадете
навртките)
- извадете го ножот од блокот за сечење со парче
дрво
- вратете го ножот во блокот за сечење во обратна
положба, или употребете нов нож
! жлебот во ножот треба да се совпаѓа со
исфрлениот дел во блокот за сечење
! и двата краја на ножот треба да бидат еднакво
исфрлени
! проверете дали крајот на ножот Х одговара на
работ на стапалото (поставете линеар рамно
наспроти куќиштето како што е покажано и
користете го како сопирачка)
- затегнете 3 навртки B со клучот
! променете/заменете ги ножевите на време;
користете само остри ножеви
! секогаш сменете/заменете ги ножевите во
исто време
! не се обидувајте да ги нагодите ножевите со
навртките C од делот за сечење, коишто
претходно се нагодени при производството
• Нагодување на длабочината на стружење (0-3 mm) 5
- свртете го копчето D да ја одберете саканата
длабочина
- користете индикатор E како показател
- секогаш одберете мала длабочибна за стругање и
повторете го стружењето и процесот на
нагодување се додека не се постигне саканата
длабочина
• Излез за деланки6
- изберете ја саканата страна за излез на деланките
(одлево или оддесно) со прекинувачот G
- поврзете ја правосмукалката со адаптер H за
избраниот излез за деланките како што е
прикажано на сликата
- може да ја приклучите кесата за прашина J со
избраниот излез за деланки како што е прикажано
! не обидувајте се да отстранувате препреки кај
излезот за деланките кога ротираат сечивата
• Сигурносна потпора K 7
- ја заштитува работната површина од оштетување
додека алатот не е во употреба
- автоматски се превиткува назад за време на
стружењето
• Работа со алатот
- нагодете ја длабочината на стружење
- поставете го алатот на работната површина
! проверете дали само предниот дел лежи на
работната површина, а ножевите не ја допираат
- вклучете го алатот со притискање на копчето L 2
(= сигурносно копче кое не може да се заклучи) и
потоа со повлекување на прекинувачот M 2
! пред ножевите да ја допрат работната
површина, алатот треба да работи со полна
брзина
- цврсто држете го алатот со двете раце и водете го
напред со постојано притискање
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја 8
- користете го алатот со основата поставена на
површината што се обработува
- не го наведнувајте алатот со цел да избегнете
траги од несакано стружење
- отворите за ладење Q 2 држете ги отворени
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
- исклучете го алатот со ослободување на
прекинувачот M
98