Descargar Imprimir esta página

Опис На Производот И Перформансите; Процес На Полнење - Bosch GAL 18V6-80 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GAL 18V6-80 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 11
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
u
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете ги полначот, како и
u
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку забележите оштетувања. Не отворајте го
сами полначот и оставете го на поправка само кај
Bosch или кај овластен сервисен центар кој ќе
користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува
ризикот за електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
u
(на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Не ги покривајте отворите за проветрување на
u
полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не
функционира правилно.
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
u
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип
сет на батерии може да предизвика опасност од пожар
ако се користи за друг сет на батерии.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
u
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста
влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска
помош. Течност истечена од батеријата може да
предизвика иритација или изгореници.
Опис на производот и
перформансите
Употреба со соодветна намена
Полначот е наменет за полнење на Bosch AMPShare литиум-
јонски батерии што може да се полнат или оние на
AMPShare-партнер.
Илустрација на компоненти
(1)
Отвор за батеријата
(2)
Стрелка за редослед на полнење
(3)
Црвен приказ за контрола на температурата/грешка
(4)
Зелен приказ за наполнетост
(5)
Приоритетно копче
(6)
Завртување
(7)
L-BOXX адаптер
(8)
Собирање на кабелот
Bosch Power Tools
Технички податоци
Полнач
Класа на заштита
A)
Струја за полнење 
Напон на полнење на батеријата
(автоматско препознавање на напон)
A) Во зависност од температурата и типот на батеријата
Процес на полнење
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен
на спецификационата плочка на полначот.
Процесот на полнење започнува, веднаш штом струјниот
приклучок и батеријата се вметнати. Ако процесот на
полнење започне со неколку батерии во исто време, тие се
полнат последователно во насока на прикажаната
стрелка (2) (спротивно на стрелките на часовникот).
Батериите се полнат последователно во 2 циклуси на
полнење.
– Во првиот циклус на полнење се врши полнење на сите
вметнати батерии до околу 80 % од капацитетот.
– Во вториот циклус на полнење се врши полнењето од
околу 80 % до целосно полнење на батеријата. Вториот
циклус на полнење започнува кога сите вметнати
батерии се наполнети до околу 80 %.
Полнењето е можно само кога температурата на
батеријата е во дозволениот температурен опсег на
полнење (0–45 °C).
За дополнителни информации посетете го
онлајн упатството за користење:
www.bosch-pt.com/manuals
Справување со грешки
Батеријата не се полни
Не се полни батерија и сите шест прикази (3) трепкаат
истовремено во црвена боја.
Причина: Полначот детектираше внатрешна грешка
Помош: Осигурете се дека сите батерии се целосно
вметнати. Повлечете го струјниот приклучок и повторно
вметнете го. Доколку повторно се појави грешката,
полначот оставете го на проверка во овластена сервисна
служба за Bosch -електрични алати.
Приказите не светат
Не свети приказ, батеријата не се полни.
Причина: Приклучницата, струјниот кабел или полначот се
дефектни
Помош: Проверете го мрежниот напон. Доколку е
потребно, проверете го полначот кај овластен сервис.
Македонски | 49
GAL 18V6-80
/ II
8,0 A
14,4–18 V
1 609 92A 805 | (29.11.2022)

Publicidad

loading