Descargar Imprimir esta página

Bosch AdvancedChain 36V-35-40 Manual Original página 252

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 36
252 | Македонски
Совет: Маслото се згуснува на ниски температури што го
намалува протокот на маслото.
Пуштање во погон
Редење/вадење на батеријата (види слика D)
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да
доведе до погрешно функционирање или до оштетување
на уредот.
Повторно ставете ја батеријата (21). Проверете дали
батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата (21) од уредот, притиснете го
копчето за вадење на батеријата (22) и извадете ја
батеријата.
Полнење на батеријата
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0 °C до 35 °C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". При
празна батерија производот е опремен со заштита од
вклучување: Машината повеќе не работи.
По автоматското исклучување на уредот, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/
исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Ракување
Секогаш прочитајте ги упатствата за работа и
u
безбедносните информации пред употреба.
Секогаш проверувајте ја состојбата на алатот и
u
ланецот, нивото на маслото и правилното
склопување пред употреба. Користете ја моторната
пила само ако е во совршена работна состојба.
Секогаш носете соодветна облека и лична заштитна
u
опрема.
Секогаш бидете сигурни дека областа е сува и без
u
пречки и дека нема случајни минувачи во таа
област.
Никогаш не користете моторна пила на скали или
u
над висината на рамото.
Никогаш не достигнувајте премногу далеку или не
u
работете со раширени раце.
Држете ја пилата секогаш цврсто со двете раце.
u
F 016 L81 992 | (25.01.2023)
Додека работи, ланецот на пилата, преку млазницата за
уље (7) автоматски се подмачкува со лепливо масло за
ланец.
Пилата не се продава наполнета со уље за ланецот.
Неопходно е да ја наполните моторната пила со уље за
ланец пред да ја стартувате.
Важно е да се употребуваат само биоразградливи мазива
за ланци (според RAL-UZ48), да се избегнат оштетувања
на ланецот.
Препорачаното биоразградливо масло од моторна пила
од Bosch може да се најде во додатоците.
За да го наполните резервоарот за уље, постапете на
следниов начин: (види слика C)
– Потавете ја пилата на соодветна површина со капачето
на резервоарот за масло (19) свртен нагоре.
– Со крпа исчистете го делот околу капачето (19) и
одвртете го капачето.
– Наполнете го резерварот за масло со
биоразградливото Бош-масло за ланци на пили, толку
што нивото на маслото се гледа низ прозорчето за
масло (25). За време на работата, можете да го
проверите нивото на маслото преку прозорецот (25)
за инспекција на маслото и, кога ќе се достигне
минималното ниво, дополнете со ново масло.
Вклучување/исклучување (види слика E1)
Повлечете ја заштитната рачка за активација на
u
заштитата од повратен удар (5) од позиција ➋ на
позиција ➊ кон предната рачка (4). Ако заштитната
рачка за активација на заштитата од повратен удар
(5) не е вклучена, кочницата не се деактивира пред
уотреба и пилата не стартува.
За да ја активирате повратната сопирачкат,
u
секогаш лизгајте го рачниот штитник / рачката
напред во деактивирана положба после секоја
употреба.
– Отстранете ја батеријата (18).
– Држете ја моторната пила како што во деталната слика
е E2 опишано на изолираните површини за држење.
– Повлечете ја рачката за активирање на сопирачката
(5) наназад кон предната рачка.
– За пуштање во погон на уредот притиснете ја прво
блокадата (20) па потоа прекинувачот за вклучување
(2) и држете го притиснат. Кога машината работи,
сигурносното копче може да се пушти.
– За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
– Таа Кочница со повратен удар е заштитен механизам
што се активира преку рачниот зглоб со помош на
полугата кај штитникот за предната рака (5) за
активирање на повратната кочница кога моторната
пила удира наназад. Ланецот веднаш се закочува. Ова
го намалува ризикот од повреди при повратен удар.
Обидете се да избегнете повратен удар.
– Редовно притискајте ја рачката за активирање на
сопирачката за удар (5) напред за време на работата
Bosch Power Tools

Publicidad

loading