Descargar Imprimir esta página

ST BT 20 Li 2.0 S Manual De Instrucciones página 90

Ocultar thumbs Ver también para BT 20 Li 2.0 S:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 49
Електролитите што ќе протечат
од хемиските состојки во батеријата
се корозивни и токсични. Течноста
истечена од батеријата може да
предизвика воспаленија и изгореници.
НЕ дозволувајте хемиските состојки
да навлезат во контакт со очите,
кожата и никако не голтајте ги.
Ако хемиските состојки од батеријата
дојдат во допир со очите, мијте ги веднаш
со чиста вода најмалку 15 минути.
Веднаш побарајте медицинска помош.
Ако се скрши надворешната заптивка и
хемикалиите содржани во батеријата дојдат
во контакт со кожата: веднаш измијте со
сапун и вода и неутрализирајте со сок од
лимон, оцет или други лесни киселини.
f) Не користете ја батеријата ако испушта
чудна миризба, е многу врела или ги менува
бојата/формата и има чуден изглед.
Ако батеријата напукне, се скрши
или се оштети, со или без протекување
на хемиските состојки, не полнете
ја и не користете ја повеќе.
НЕ ОБИДУВАЈТЕ СЕ ДА ЈА ПОПРАВИТЕ!
За да избегнете несреќа, ризик од пожар,
експлозија или електричен удар и да
избегнете загадување на животната средина:
Покријте ги терминалите на батеријата
со цврста леплива лента.
НЕ обидувајте се да извадите или да
уништите некој дел од батеријата.
НЕ обидувајте се да ја
отворите батеријата.
Фрлете ја и заменете со
нова група на батерија.
g) Чувајте ја батеријата што не ја користите
подалеку од канцелариски прибор,
пари, клучеви, игли, навртки и други
мали метални предмети што може да
предизвикаат краток спој на контактите.
Краток спој на контактите на батеријата
може да доведе до експлозија и пламен.
h) Не изложувајте ја батеријата на
свежа или солена вода.
i) Не изложувајте ја батеријата или апаратот на
оган или прекумерна температура. Изложеноста
на оган или температура над 130 °C може да
предизвика експлозија. Секогаш чувајте ја
на нормална амбиентална температура.
j) Ќелиите на батеријата може да имаат
мали протекувања доколку се користат
премногу или при екстремни температури.
k) Не се обидувајте да ги замените терминалите
на оваа батерија. Не менувајте ги позитивниот
и негативниот пол на батеријата. Не
поврзувајте ги позитивниот или негативниот
пол на батеријата за метални предмети.
l) За време на транспорт на батеријата, обрнете
внимание контактите да не дојдат во спој меѓу
себе и не користете метални кутии за транспорт.
m) Не расклопувајте ја батеријата.
n) Не удирајте ја батеријата и
застанувајте на неа со нозете.
o) Не вршете поправки на батеријата. Работи
за поправка мора да бидат спроведени
од страна на производителот или
специјализиран сервисен центар.
2.2
ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈА
Полначот е за наменет за батерии од
литиум-јон што може да се полнат. Другите
типови на батерии може да експлодираат
и да предизвикаат повреди на лица или
оштетување на материјалните добра.
a) Користете само полначи за полнење на
батериите што ги препорачува производителот.
Полначот погоден за еден вид батерии
може да предизвика ризик од пожар,
електричен удар, прегревање или корозивно
истекување на течност од батеријата
кога се користи со друга батерија.
b) Не полнете ја батеријата на дожд
или во влажни услови.
c) Не потопувајте ги апаратот, батеријата или
полначот во вода или во други течности.
d) Не дозволувајте течност да навлезе во полначот.
e) Не изложувајте го полначот на капење или
прскање и садови со течности, како вазни
и саксии не смее да се ставаат врз него.
f) Не користете го полначот за батеријата на
места каде има гасови, запаливи супстанци или
лесно запаливи површини, како што се хартија,
ткаенина и слично. За време на полнењето,
батеријата се загрева и може да предизвика оган.
g) Не оставајте батеријата или полначот да
се прегреат. Ако се загреани, оставете
ги да се оладат пред употреба.
h) Полнете само на собна температура, помеѓу
0° + 45°C. Не полнете ја батеријата или
апаратот надвор од овој опсег на температура.
Неправилно или полнење на температури
надвор од наведениот опсег може да ја оштети
батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.
i) НЕ поврзувајте го полначот со
спроводни материјали.
j) НЕ користете го полначот за други намени
освен оние посочени во ова упатство.
k) Не покривајте ја решетката за вентилација
горе на полначот. Не ставајте го полначот
на мека површина, како што се ќебе
или перница. Одржувајте ја решетката
за вентилација на полначот чиста.
l) Избегнувајте ситни метални предмети или
од челична волна, алуминиум и други туѓи
предмети да навлегуваат во полначот.
m) Не обидувајте се да поврзете
два полначи истовремено.
n) Пред употреба, проверете дали напонот
на струјата за полначот и за батеријата се
соодветни за полнење на батеријата.
MK - 2

Publicidad

loading