Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 PC6 Manual Original página 45

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 13
ГЛАВНИ ВРСКИ
Поврзете се само на еднофазна наизменична струја и само на
мрежниот напон наведен на плочката со спецификации. Можно
е и поврзување со приклучоци без контакт за заземјување
бидејќи дизајнот е во класа на заштита II.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, заглавување на бургијата, ненадејно
стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди,
приказот за полнење трепка и електро-алатот самостојно се
исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
88
КАРАКТЕРИСТИКИ
По поставувањето на батеријата во лежиштето на полначот,
таа ќе започне автоматски да се полни ( црвеното ЛЕД светло
останува вклучено)
Ако во полначот поставите премногу ладна или прегреана
батерија (трепкање на црвената светилка), тој автоматски ќе
започне да ги полни истите откако батеријата ја постигнала
соодветната температура за напојување (5оС....40оС).
Максимален проток на енергија при полнење се постигнува кога
температурата на батериите е меѓу 5оС и 40оС.
Времето на полнење на батеријата е меѓу 1 и 21 минути (при
1,5Аh), зависно од степенот на испразнетост на батеријата.
Кога батеријата целосно ќе се наполни , ЛЕД светлото на
полначот се менува од црвено во зелено и Лед светилките на
батеријата се гасат.
Нема потреба да се извади батеријата од полначот откако ќе
биде наполнета. Батеријата може да остане во полначот без
опасност истата да биде пренаполнета.
Доколку обете ЛЕД трепкаат наизменично, значи дека
батеријата која може да се полни, или не е добро наместена,
или е неисправна таа или полначот. Извадете ги полначот и
батеријата веднаш заради безбедности причини и однесете ги
кај овластениот Milwaukee сервис.
По една батерија од 18 волти може да се приклучи на секоја
страна од полначот во исто време. Сите приклучени батерии
потоа се полнат една по друга во насока на стрелките на
часовникот.
СВЕТЛОСНИ ИНДИКАТОРИ ЗА ПОЛНАЧ
Црвено светло во
Полнењето е во тек
континуитет
Бавно зелено
Полнењето е скоро завршено
трепкање
Зелено светло во
Полнењето е завршено
континуите
Батеријата или полначот
е премногу топол/ладен
- полнењето ќе започне
Брзо трепка
повторно кога батеријата
црвено
или полначот ќе ја достигне
правилната температура на
полнење
Полнењето не е активно –
Бавно црвено
Полнењето ќе започне кога
трепкање
правата батерија ќе биде
целосно наполнета
Наизменично
Батеријата или полначот се
трепка црвено/
оштетени или неисправни
зелено
USB-ПРИКЛУЧОК
Овој приклучок може да се користи за полнење на мобилен
телефон, MP3-плеер или кој било друг уред кој има помала
потрошувачка на струја од 2,1 А.
МАКЕДОНСКИ
ОДРЖУВАЊЕ
Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да се замени
исклучиво во специјализираните продавници препорачани од
производителот, бидејки се потребни алати специјално за таа
намена.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот
број на табличката со учинокот или во Вашата корисничка
служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Заштитна класа III
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
T5,0A
5,0 A бавно удар осигурач
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори
и отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач
за совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да
ги преземаат искористените батерии, како и
отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за
рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на
луѓето доколку не се отстранат на еколошки
компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
89

Publicidad

loading