Descargar Imprimir esta página

inventiv INV T4546 TB Manual De Instrucciones página 72

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 35
MK
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПРЕД УПОТРЕБА НА МАШИНАТА, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО
СЛЕДНОВО УПАТСТВО. Да се сочува за понатамошни потреби.
СОДРЖИНА
1.  ОПШТО .............................................................................................1
2.  БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ...............................................................1
3.  ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА ......................................................3
4.  МОНТАЖА .......................................................................................4
5.  КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА ...........................................................4
6.  УПОТРЕБА НА МАШИНАТА ..........................................................4
7.  ОДРЖУВАЊЕ .................................................................................6
8.  СКЛАДИРАЊЕ ................................................................................6
9.  УПРАВУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ .....................................................7
12.  ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ПО ИЗБОР.....................................8
1.
ОПШТО
1.1
КАКО ДА СЕ ЧИТА УПАТСТВОТО
Во ова упатство одредени поглавја содржат важни информации 
во однос на безбедноста и на функционалноста и се нагласени на 
следниот начин:
ЗАБЕЛЕШКА ИЛИ ВАЖНО
дополнителни информации за она што е претходно наведено, со
цел да се спречи оштетување на машината.
Овој 
 симбол посочува на опасност. Непочитувањето на ова 
предупредување создава можност за лични повреди или на трети 
лица и/или штети.
Пасусите означени со квадратче со рамка 
и сиви точки посочуваат на изборни одлики 
коишто не се присутни кај сите модели 
дадени во ова упатство. Проверете дали се 
достапни карактеристики за овој модел.
Сите индикации „напред", „назад", „лево" и „десно" на машината, 
се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.
1.2
НАСОКИ
1.2.1
Слика
Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и 
така натаму.
Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, B, 
C и така натаму.
Насоката за компонентата C на сликата 2 се означува со 
изразот: „Видете на сл. 2. C", или поедноставно „(слика 2.C)".
Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се 
разликуваат во однос на оние на сликата.
1.2.2
Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус 
„2.1 Обука" е заменето со „2.
Безбедносни норми". Насоките за насловите или пасусите се 
означени со кратенките погл. или пас. и со соодветниот број. 
Пример: „погл. 2" или „пас. 2.1"
2.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1
ОБУКА
Запознајте се со командите и правилното користење
на машината. Научете брзо да го запирате моторот.
Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството
може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.
даваат детални или
• Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, 
или други лица што не ги знаат основните упатствата. 
Локалните закони може да предвидат минимална возраст за 
управување со машината.
• Никогаш не ја користете машината доколку корисникот 
е изморен или изнемоштен, или користел лекови, дрога, 
алкохол или други штетни супстанци што можат да ги забават 
неговите рефлекси и да ја загрозат неговата способност за 
пресуда.
• Не пренесувајте деца или други патници.
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или 
опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на 
одговорности на операторот спаѓа и проценката на можните 
ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете 
ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате 
својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, 
нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, 
проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се 
содржани во ова упатство.
2.2
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон против 
лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте на машината 
со боси нозе или со отворени сандали. Носете заштитни 
слушалки за слухот.
• Употребата на акустична заштита ја намалува можноста да ги 
слушнете можните предупредувања (повикување или аларми). 
Обрнувајте исклучително внимание на она што се случува 
околу областа за работа.
• Носете ракавици за работа во сите ситуации каде има ризик 
за рацете.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со 
лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што 
висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или 
за предмети и материјали кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете 
сè што би можело да биде исфрлено од машината и да ги 
оштети сечилата/ротирачки делови (камења, гранки, железни 
остатоци, коски, итн.).
Мотор со внатрешно согорување мотори: гориво
ОПАСНОСТ!  Горивото е високо запаливо средство.
• Чувајте го горивото во соодветни садови за таа намена, на 
безбедно место, подалеку од извор на топлина или отворен 
оган.
• Одржувајте ги садовите чисти од остатоци од трева, лисја или 
масло.
• Чувајте ги садовите подалеку од дофат на деца.
• Не пушете додека полните или дополнувате гориво.
• Дополнувајте гориво со инка и на отворена површина.
• Не ги вдишувајте гасовите.
• Никогаш не отворајте го капачето на резервоарот, и не 
дополнувајте гориво додека моторот работи или е уште 
загреан.
• Полека отворете го капачето на резервоарот оставајќи 
внатрешниот притисок постепено да испари.
MK - 2

Publicidad

loading